Како да постигнете најдобри резултати од вашата рутина за вежбање

Да се биде силен значи да се биде во тренд. Но за да бидеме посилни, побрзи, поздрави потребно е да ги чуваме своите тела. Потребна им е правилна нега, правилна исхрана и доволно време за опоравување за да се постигнат максимални резултати – дознајте како.

БИДЕТЕ ВО ФОРМА – И ПРАКТИЧНИ

Постои нешто во носењето нова облека за вежбање што може веднаш да направи да се чувствувате поздраво. Дури и пред да почнете со вежбање! Но вашата опрема може да има големо влијание на здравјето. Старите и износени патики се еден од најчестите причинители за повреди при тренирање. Доколку се занимавате со трчање земете го во предвид обликот на вашите стапала при купување на патики. Исто така избирајте тесна облека која е дизајнирана така што не дозволува задржување на потта и дава поголем комфор.

ВО ЧЕКОР СО ТЕХНОЛОГИЈАТА

Луѓето кои вежбаат во најголем број го прифаќаат трендот на технологија која може да се носи. Денес постојат голем број апликации кои го следат нивото на вашата активност и ви даваат исовети за исхраната. Ние ги сакаме апликациите кои ги исцртуваат рутите за трчање, ја следат должината на рутата, брзината на движење и времето!

ДВИЖЕЧКА СИЛА ЗА ВЕЖБАЊЕ

Балансираната исхрана е најважната состојка за здравје и вежбање, а додатоците во исхраната ќе ви ги обезбедат неопходните состојки кои сеуште може да ви недостигаат. Доколку сте спортски тип сигурно сакате да го вклучите витаминот Б во својата исхрана затоа што помага во разградувањето на јагленохидратите, додека витаминот Ц ги заштитува вашиот метаболизам и имунолошкиот систем. Витаминот Д му помага на вашето тело при апсорпцијата на калциум со што се подобрува здравјето на коските.

ВЕЖБАЊЕ И ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА

Балансираната исхрана е важна компонента за здравјето и доброто вежбање, но додатоците го снабдуваат организмот со сите неопходни состојки кои неможат во доволни количини да се внесат со исхрана. Вклучете го витаминот Б во вашата исхрана кој помага телото да не ги губи јагленохидратите, додека витаминот Ц помага да се заштити имунитетот. Витаминот Д му помага на телото да го апсорбира калциумот за здравје на коските.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НА ОДМОРОТ

Вашето тело треба да се обнови по напорното вежбање, затоа оставете му доволно време за тоа. Заштитете ги мускулите со употреба на додатоци во исхраната збогатени со астаксантин кој ја зголемува издржливоста на мускулите и ги заштитува клетките. Доколку ве болат мускулите пробајте да сварите малку ѓумбир во вода што ќе делува против воспаленијата.


 

Текст: