Победете ја сувата кожа

Повеќето причини за сува кожа не можеме да ги контролираме. Но затоа, пак, решенијата можеме! Еве ги нашите најдобри совети за да имате влажна кожа кога ќе паднат температурите.

Не туширајте се со премногу жешка вода
Топлиот
туш можеби ќе ви дојде добро, но жешката вода е штетна за сувата кожа. Таа ја нарушува природната маслена граница на кожата - граница што ви е потребна за да ја одржите влажноста и за да имате мазна кожа. Затоа, започнете да ја намалувате температурата за неколку степени и не задржувајте се премногу долго под тушот.

Користете ги вистинските производи
Има
нова генерација навлажнувачи и производи за кожа наменети за сува кожа, па, затоа, одберете паметно! Побарајте благи лосиони за чистење направени од природни состојки, како на пример глицерин. Водните мирисни лосиони не се добри за сува кожа – ви треба навлажнувач што е густ и тежок.

Совет од уредникот: За мали суви области, користете Tender Care Заштитен Балсам.

Хранете се правилно
Навлажнете
ја вашата кожа однатре! Важните масни киселини можат да ги зајакнат природните масла на кожата. Ова значи дека храната или додатоците во исхраната што се богати со омега-3 можат да ви помогнат во борбата против сувата кожа.

Земете лек прекуноќ
Кога
ништо не ви помага - лекот прекуноќ може да биде одговорот! Прво, избањајте се во млака вода. Бањањето нека биде доволно долго да ви ги набабри прстите од вода. Потоа излезете од кадата и потапкајте се со мека крпа за да се исушите. На крајот нанесете дебел слој масло за тело. Ова може да биде малку хаотично, па затоа ви предлагаме да користете стари пижами и постелнина. Потоа легнете си. Вашата кожа ќе биде драстично поубава кога ќе се разбудите следното утро!

 




Текст: Фотографии: Getty Images