Како да се заштитиш од сонцето

Сигурни сме дека имаш слушнато колку е важна заштитата од сонцето. Но како е таа поврзана со ултравиолетовите зраци и со СПФ? Што треба навистина да знаеш за да ја заштитиш кожата? Ја прашавме нашата главна хемичарка во Центарот за истражување и развој, Клара Ле Бер, како да се заштитиме најдобро ова лето!

ШТО СЕ УВА И УВБ?
Сончевите
зраци што допираат до нас се создадени од два вида штетни зраци: кратки ултравиолетови Б (УВБ) и долги ултравиолетови А (УВА). УВБ-зраците предизвикуваат изгореници и црвенила, а УВА-зраците, кои навлегуваат длабоко во кожата играат главна улога во стареењето на кожата. Затоа ти е потребна заштита и од двата вида зраци! Според европската препорака, сите производи за заштита на кожата имаат УВА и УВБ-заштита. УВБ-зраците имаат различен интензитет во зависност од сезоната, локацијата и денот. Главните часови се најчесто помеѓу 10 и 16 ч., но сонцето достига до твојата кожа дури и кога си во сенка. УВА-зраците се присутни во текот на целиот ден и низ целата година и можат да зрачат и преку облаците и преку стакло. До 90% од видливата промена на кожата се резултат на оштетувањата од сонцето и затоа е многу важно да се користи заштитен фактор! Истражувањата покажуваат дека соодветната заштита од УВ-зраците го намалува ризикот од рак на кожата. 

ИСОНЧАНИОТ ТЕН ПРАВИ ДА ИЗГЛЕДАМ СЈАЈНО И СВЕЖО, ДАЛИ НАВИСТИНА МИ ТРЕБА ВИСОК СПФ?
СПФ значи Sun Protection Factor, или фактор за заштита од сонце, и бројот на специфичната заштита ја означува способноста за одбранана УВБ-зраците. УВА-заштитниот фактор (УВАПФ) е еднаков на најмалку една третина од СПФ-вредноста и е означен со кружно УВА-лого. Вкупно 80% од стареењето на кожата се поврзани со животниот стил, а сонцето е најголемиот фактор за оваа бројка. Кожата оштетена од прекумерно УВ-зрачење има уморен изглед, нарушување на пигментот и намалена хидратација. Затоа, заштити го своето лице!

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ НАСПРОТИ ВИТАМИН Д - МОЖЕ ЛИ ДА ГИ КОРИСТАМ И ДВЕТЕ?
Да, може! Ако внимаваш надвор да бидеш само 15 минути во денот, ќе ја добиеш препорачаната доза витамин Д. Затоа, користи секогаш заштита од сонце заедно со витамин Д!

СОВЕТ ОД УРЕДНИКОТ
ЕУ има
едни од најстрогите закони за заштита од сонце во светот, а Орифлеим со гордост ги следи овие правила кај сите наши производи. Затоа, заштити ја твојата кожа за да биде здрава, а ти безбедно уживај во сонцето!

Текст: