Како се создаваат премиум-парфемите

Со лансирањето на новата премиум-линија парфеми Sublime Nature на Орифлеим сакавме да откриеме што всушност значи зборот „премиум“ и што е потребно за да се создадат ваквите мириси. Затоа, ја прашавме мајстор-парфимерката Натали Лорсон за да дознаеме повеќе.

1. КОИ КРИТЕРИУМИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ ЕДЕН ПАРФЕМ ЗА ДА СЕ НАРЕЧЕ ПРЕМИУМ? 
Кога
создавам мирис за премиум-колекција, ги одбирам најпрефинетите, најелегантни и најуникатни состојки од мојата палета.

2. ШТО ЗНАЧИ ЗБОРОТ „ПРЕМИУМ“ ЗА ТЕБЕ? 
Тоа
за мене значи нешто уникатно. Сакам да создавам за потрошувачи што бараат уникатност. Убавината, хармонијата и квалитетот се моите водечки елементи кога создавам мириси.

3. ЗОШТО SUBLIME NATURE TUBEROSE И TONKA BEAN СЕ ПРЕМИУМ-ПАРФЕМИ? 
Ги создадов Sublime Nature Tuberose и Sublime Nature Tonka Bean со екстракција на етички добиена тубероза од Индија и етички добиено зрно тонка од Бразил. Исто така, состојките ги ставив во центарот на мирисот за да бидат најизразени.

4. КАКО ВИЕ СОЗДАВАТЕ ПРЕМИУМ-МИРИСИ? 
Откако ќе ја одберам состојката со која сакам да работам, го проверувам нејзиниот квалитет. Потоа си играм со мирисот – го комбинирам со други состојки за да го збогатам и да ги изразам вистинските особини на првата состојка. На пример, ми требаше една година за да го најдам идеалниот мирис за Sublime Nature Tuberose.

5. ВИЕ ГИ ОДБРАВТЕ НАЈДОБРИТЕ И НАЈПОЗНАТИ СОСТОЈКИ ЗА ОВИЕ ПАРФЕМИ. ЗОШТО ТОКМУ ОВИЕ СОСТОЈКИ?
Туберозата е една од најпознатите состојки во класичното парфимерство, која е позната по својот магичен карактер. За време на едно мое патување во Индија, пред неколку години, ја открив туберозата и се воодушевив од нејзината префинетост. Новата и иновативна технологија Sublime CO2 ми помогна да го доловам овој мирис.

Зрното тонка е амазонско богатство што ги открива своите богати страни на ванила, бадем, цимет и карамела. Тоа има длабок и интензивен карактер. За мене беше прекрасно да создадам мирис инспириран од убавината на природата. 

6. КАКО ВИЕ, КАКО МАЈСТОР-ПАРФИМЕРКА, ГИ ОПИШУВАТЕ МИРИСИТЕ НА SCENTS OF SUBLIME NATURE TUBEROSE И TONKA BEAN? 
Sublime Nature Tuberose е цветен
мирис, создаден од букет бели цветови и блескава горна нота. Тој има карактер и природно чувство. 

Sublime Nature Tonka Bean е заводлив, но истовремено и свеж. Има воденесто чувство, но истовремено е и интензивен, женствен и префинет.

Текст: