Здравјето е богатство: Дали внесуваш доволно Витамини и минерали?

Оддржувањето на здрав начин на живот понекогаш може да изгледа невозможен подвиг. Од доволно спиење и вежбање, до здраво јадење и одржување на нивото на стрес под контрола – доволно прочини да ве држат будни навечер! Меѓутоа, понекогаш тоа е лесно како учење на азбуката – п азбуката на мултивитамините, поточно! Денес одговараме на најчесто поставуваните прашања во врска со здравјето на микроелементите.

1. Како прво: Што е мултивитамин?
Дали некогаш си го слушнал изразот „еден мултивитамин на ден и ќе бидеш здрав како дрен“? Па, вистина е ... донекаде. Некои од основните микроелементи кои на телото му се потребни за да функционира најдобро, всушност не се произведени од телото. Тука на сцена доаѓаат мултивитамините. Мултивитамин е мешавина од есенцијални витамини и минерали, најчесто во форма на таблета или капсула, која е специјално развиена за да го надмине јазот предизвикан од какви било недостатоци на микроелементи во твојата диета (да речеме, викенд поминато  на пица и чипови, без зеленчук). Од суштинско значење се микроелементите како овие што придонесуваат за твојот сјаен тен, зајакнување на имунитетот кога другите околу тебе киваат и кашлаат и регенерација на мускулите по тежок тренинг (ова се само неколку).

2.Веќе вежбам и се хранам здраво. Дали сè уште ми требаат мултивитамини?
Можеби си од оние митски поединци кои се будат рано по солиден осум часовен мирен непречен сон, практикуваат половина час јога и имаат време да подготват појадок исполнет со здрави протеини, сложени јаглехидрати, добри масти и зелено и портокалово овошје и зеленчук (ако е така, те пофалуваме - но исто така и која е твојата тајна?). И се разбира, кога станува збор за добивање на препорачаната дневна доза на есенцијални хранливи материи, мултивитамините секако не се наменети да ја заменат старата добра балансирана и разновидна диета. Но, колку и да сакаме нашите диети секогаш да одговараат на многутр бои на виножитото, секој што доживеал особено стресна недела може да потврди дека нашите нутриционистички потреби се меѓу првите работи што се занемаруваат (заедно со спиењето и вежбањето) во пресрет на густ распоред).

Додека мултивитамините нема да надоместат за цел живот на лош избор на диета, убаво е да се знае дека тие можат да обезбедат нутриционистички безбедносен штит ако се чувствуваш под стрес, немаш време да вежбаш или си ја занемарил здравата исхрана во корист на процесираната храна (која често има недостаток на витамини и минерали).

3. Дали можеш да внесеш премногу мултивитамини?
Кога станува збор за витамини, секако е можно да се земат премногу, особено витамини растворливи во масти како витамин А, Д, Е и К. Но, ако зборуваме за мултивитамини, кои се специфично (и многу прецизно) формулирани и содржат препорачани количини на витамини и минерали за да ги поддржат твоите нутриционистички потреби, тогаш не мора да се грижиш дали ќе претераш - освен ако, се разбира, не земеш повеќе од препорачаната дневна доза.
Во случај на нашето Wellness by Oriflame Пакување со Мултивитамини и минерали за мажи/жени, треба да земете само една таблета на ден и тоа е тоа. Но, како и секогаш, ако не си сигурен, најдобро е да се консултираш со лекар за да дознаеш повеќе за нутриционистичките потреби на твоето тело.

4. Што има во мултивитаминот?
Секако, нема еден исти рецепт за секој мултивитамин кој постои, па затоа најдобриот начин да одговориме на тоа е: зависи. Многу мултивитамини се специјално дизајнирани за поддршка на уникатните нутриционистички потреби на различни групи, како што се мажи, жени, бремени жени, деца или постари лица - на пример, нашиот Wellness by Oriflame Мултивитамини и минерали за мажи /жени обезбедува 22 есенцијалните витамини и минерали што им требаат на мажите и жените (на жените им треба повеќе железо и калциум, додека мажите имаат потреба од повеќе магнезиум, хром, селен, цинк и витамин А) и вклучува витамини: А, Д, Е, Ц, Б1, Б2, Б3 , Б5, Б6, Б7, Б12 и фолна киселина, како и минерали: железо, цинк, бакар, манган, селен, јод, хром, молибден.

Кога се земаат во комбинација со урамнотежена исхрана, овие есенцијални витамини и минерали можат да помогнат во зајакнување на твојот имунитет, нивото на енергија, метаболизмот и целокупното чувство на благосостојба.

Значи, иако еден мултивитамин на ден не може да биде единственото нешто што е потребно за да бидеш здрав како дрен, тоа сигурно е идеално надополнување на здравиот начин на живот и балансирана и разновидна диета!

Текст: