Додај протеинска мешавина измешана со зачини

Протеинската мешавина е можеби најразновидната кај Велнес производите.Таа е со неутрален вкус, без арома или засладувачи, што значи дека може да се додаде во основата на секое јадење што го подготвуваш.

Може да се користи за згуснување сосови и супи, додавање на млечни коктели дури и како замена на брашно во печива.

Вториот случај е со нашиот специјален Велнес рецепт за колачиња. Оваа мала промена го прави крајниот производ уште похранлив. Да не се споменува дека од сите можни примени на Протеинската мешавина, оваа изгледа идеална за празничната сезона. Погледни го рецептот подолу и уживај.


Wellness колачиња со ѓумбир


Состојки:

350 г. Брашно

150 г. Протеинска мешавина.

2 јајца

250 г.путер

1 шоља мед

1 шоља шеќер

1 лажиче сода бикарбона

1 пакетче зачин од ѓумбир (без додаден шеќер)

 

ПОДГОТОВКА:

Стави ги сите состојки во сад и меси ги се додека не се соединат.Тестото не треба да се лепи за рацете, додај малку повеќе брашно ако е потребно. Расукај, посипи со брашно и исечи колачиња со калапи. Печи околу 20 минути на 180-200 степени, а потоа остави ги да се изладат. Послужи ги веднаш или украси ги со омилениот прелив. Добар апетит!

Запомни! Поради високата содржина на мед, колачите можат да бидат тешки на почетокот и ќе им треба време да омекнат. Затоа, колку побрзо ги подготвиш и колку подолго седат, толку ќе бидат повкусни! Подготви ги однапред.