1. ВНАТРЕШНА СИЛА
Кога се чувствуваш уморно и без енергија, твојот омилен мирис може да те расположи. Тој ќе ти помогне да воспоставиш емоционален баланс во тешки ситуации или ќе ти даде дополнителна енергија. Инспирирана од нордиската божица Идун, Possess the Secret Парфимираната тоалетна вода го содржи уникатниот акорд на јаболко што ти дава внатрешна сила и енергија. Во основата на мирисот има сандаловина и ванила, кои будат чувство на спокојност – без разлика на ситуациите што ти ги носи животот!
2. ПРОДУКТИВНОСТ
Подготовката за интервју или за важен состанок со твојот менаџер може да бара малку дополнителна храброст. За да се ослободиш од нервозата и од напнатоста, пронајди карактеристичен мирис што ќе ти помогне да се чувствуваш опуштено. Ориенталните мириси се твојот најдобар избор, бидејќи тие се уверливи, но не и доминантни. Со своите свежи горни ноти на бела рибизла и лимон, Lucia Bright Aura ќе ти даде внатрешна сила и голема самодоверба. Кедарот и на амберот во срцето на мирисот прават идеална комбинација од префинети и незаборавни мирисни ноти.
3. ШАРМ
Време е за првиот состанок и започнува да ве фаќа нервоза. За што ќе разговарате? Што ако ти се потат дланките? Кој мирис да го користиш? Бидејќи првиот впечаток е најважен, ти препорачуваме лесни цветни мириси. Полн погодок ќе биде романтичен мирис со возбудливи ноти. Eclat Mademoiselle зрачи со нежна, егзотична и возвишена женственост, што остава впечаток на романтична префинетост. Со суптилни водени ноти и бел хибискус, ова е идеален мирис и за прекуден и за навечер.