4 најчести прашања за типот на кожата

Во потрагата по идеалната линија за нега на кожата не е важна само состојбата на кожата туку и типот. Ја прашавме нашата директорка за истражување на кожата, Сузан Фабре, да ни одговори на четирите најчести прашања поврзани со типот на кожата.

 

1. Зошто е важно да користиме производи за нега на кожата според типот на кожата?
Секогаш треба да внимаваш негата на кожа
та да одговара на твоите специфични потреби, без разлика на возраста, полот или бојата на кожата. На пример, ако имаш сува кожа, ти треба побогата формула, која ќе го зајакне горниот слој на кожата. Ако имаш мрсна кожа, ти треба полесна текстура за кожата да не ти свети и за да не ги задушиш порите, што може да предизвика појава на акни.

2. Кои се различните типови кожа? 
Најчесто тоа се сува, чувствителна, нормална и мрсна кожа. Но секоја кожа е уникатна и
, секако, има комбинации.

3. Дали типот на мојата кожа може да се промени со текот на времето?
Типот на кожата може да се промени со текот на времето како резултат на хормонални промени и надворешни фактори, како што се загадениот воздух и животниот стил (исхрана, стрес итн.), како и климатските промени. Затоа е важно да ги приспособиш твоите производи според овие промени. На пример, одбери богат хидратантен крем во зима, кога воздухот е посув, или користи екстра УВ-заштита за време на летото.

4. Дали можам да комбинирам производи за различни типови кожа?
Ние ти препорачуваме да ја приспособиш негата на кожа
та според твоите лични потреби и да додадеш или да замениш производи за време на некои периоди, кога имаш посува или помрсна кожа.

Текст: