5 начини да додадеш повеќе минерали во исхраната

Знаеме дека ни требаат витамини секој ден, но дали знаеме дека минералите се исто толку важни? Тие ги одржуваат нашиот метаболизам, здравјето на коските, балансот на водата и уште многу други нешта. Прочитај како да ги вклучиш во твојата исхрана!

1. КАЛЦИУМ
Калциумот е потребен за многу различни функции на телото, вклучувајќи здрави коски и заби. Како да го добиеш природно
: млеко (и други млечни производи), брокула и зелени растенија како што е спанаќот.

2. ЖЕЛЕЗО
Железото го пренесува кислородот до сите органи во нашето тело и затоа ти треба за добра енергија и концентрација. Како да го добиеш природно
: зелени плодови, грашок, тофу и леќа.

3. МАГНЕЗИУМ
Магнезиумот е важен за работата на мускулите и за да се чувствуваш одморено. Како да го добиеш природно
: јаткасти плодови, семиња, риба и цели зрна.

4. ЦИНК
Тој се бори против инфекциите и ти помага да не настинуваш често, а е важен
и за кожата, косата и за ноктите. Како да го добиеш природно: ракчиња, цели зрна, семе од тиква, спанаќ.

5. ЈОД
Јодот е важен за функционирањето на тироидната жлезда. Како да го добиеш природно
: грашок, млечни производи, риба и јајца.

 

Текст: