СТАНИ
Стоењето троши 40% повеќе калории, ја намалува болката во грбот и го намалува ризикот од зголемување на тежината и болести на срцето. Според една студија, лицата кои седат повеќе од шест часа на ден имаат зголемен смртен ризик од 37% во споредба со лицата кои седат помалку од три часа на ден. Пробај да најдеш биро со прилагодлива висина и пробај да стоиш што е можно повеќе.
УЖИНКА БОГАТА СО ПРОТЕИНИ
Кога енергијата ти се намалува на пладне, лесно е да земеш какви било грицки што најчесто содржат шеќери. Биди сита и јади ужинки богати со протеини, кои го балансираат шеќерот, долго заситуваат и даваат енергија. Јаткасти плодови, хумус и зеленчук или смути со Wellness протеинската мешавина се секогаш добар избор!
ОДРЖИ ЈА ФУНКЦИЈАТА НА МОЗОКОТ
Оддржувањето на здравјето на мозокот можеби не е еден од твоите приоритети, но треба да биде! Недостигот на физичка активност може да предизвика депресија, проблеми со меморијата и намалување на когнитивните способности. За да ги избегнеш овие проблеми, инвестирај во Омега-3 додатоци во исхраната за подобрување на функцијата на мозокот и менталните процеси, како и за намалување на знаците на депресија. Омега-3 додатоците, исто така, го намалуваат ризикот од болести на срцето, прекумерна тежина и дијабетес. Ако треба да избереш додаток во исхраната, избери го овој!
ПРОТЕГНИ СЕ
Додека седиш (а можеби и стоиш) пред биро цел ден, може да почуствуваш болка и напнатост во телото, поради недостиг на движење. Грижи се за твоето тело и направи пауза за протегнување и раздвижување, за да ја подобриш циркулацијата и да дозволиш налив на свеж кислород во мозокот. Истегнувањето ги зголемува енергијата и продуктивноста, а ги намалува вкочанетоста, болката и стареењето на зголобовите. Сакаш јога? Постои јога за пред биро!
ВИТАМИН Д
Не добиваш доволно витамин Д? Не си единствена. Зголеменетата канцелариска работа и внимателното користење производи со СПФ, предизвикуваат епидемија од недостиг на витамин Д. Витаминот Д е важен за доброто функционирање на имунолошкиот систем, оддржување на здравјето на коските и спречување депресија. За да внесеш доволно витамин Д од сонцето, големи делови од твојата кожа треба да бидат изложени на сонце, најмалку 15 минути помеѓу 11 часот наутро и 3 часот попладне, што е тешко ако работиш во канцеларија. Најлесен начин да го решиш овој проблем е да вклучиш витамин Д додаток во твојата исхрана!