Топ 5 совети за среќни деца

Кој е рецептот за среќно семејство? Ги прашавме за совет мајките вработени во нашата канцеларија во Стокхолм. Еве што ни кажаа тие!

НАСМЕЈ ГИ
„Како и возрасните, децата
можат понекогаш да бидат нерасположени, како на пример мојот постар син. Затоа, кога тој плаче, го расположувам на различни начини. На пример, се преправам дека се препнувам. Тоа секогаш му буди насмевка.“

- Џесика Хакансон 
мајка на две деца

ГРИЖИ СЕ ЗА НИВНАТА КОЖА
„Помалите
деца можат да имаат чувствителна кожа и затоа секогаш користам нежни кремови за туширање и за хидратација. Ова помага против исип и сува кожа. Моите нови омилени производи се од линијата Loving Care. Не само што се прекрасни за кожата на мојот син туку ги користи и целото семејство!“

- Ана Гродел
мајка на едно дете

РАЗВЕСЕЛИ ГИ ОБРОЦИТЕ
„Малите
можат да бидат пребирливи кога станува збор за јадење. Ќерка ми, на пример, плачеше секогаш кога требаше да јаде зеленчук. Затоа, оброците ги развеселуваме, на пример правиме смешни гримаси кога јадеме или од храната правиме облици на животни, или на пример дрвја од брокула! 

- Жанел Халберт
мајка на едно дете


РАЗБУДИ ЈА НИВНАТА СВЕСТ ЗА ПРАВИЛНА ХИГИЕНА
„Се обидувам да ги научам децата на правилна хигиена уште од мали. Децата најчесто сакаат да користат МНОГУ сапун и шампон кога се сами. Затоа најчесто купуваме џамбо-пакувања, кои не само што траат подолго туку и чинат помалку! 
- Јулија Кога
мајка на две деца

УЖИВАЈ ВО СИТЕ МИГОВИ
„Возрасните најчесто се фокусираат на она што се ќе случува утре или наредната година, но децата повеќе ги интересира она што се случува СЕГА. Затоа, јас сакам да уживам во сите мигови и во она што во тој момент им треба на моите деца. 

- Марија Хилгрин
мајка на две деца
Текст: