5 причини да вежбаш надвор!

Без разлика дали вежбаш редовно или не, природата е корисна за твоето здравје и добросостојба. Знаеш зошто? Нанеси малку крем за сончање и одиме да дознаеме!

1. Совршен почеток
Доколку не вежбаш, а сакаш да почнеш, одењето во фитнес-сала може да биде застрашувачко. Можеби немаш самодоверба поради изгледот на твоето тело, недостигот од кондиција или поради тоа што ќе бидеш нов во групата за вежбање. Доколку вежбаш надвор, можеш да почнеш со свое темпо, секаде и секогаш. Триесет минути умерени аеробик-вежби, како брзо одење, е доволно!

2. Уживање
Во фитнес-салите може да биде многу здодевно. Редици опрема, истата светлина, температура и поглед секој ден. Можеш да се концентрираш на тоа колку се тешки вежбите, кои се твоите граници, колку долго вежбаш и колку се заморуваш. Кога си надвор, без разлика дали си во урбана или во природна средина, погледот околу тебе постојано се менува, што ќе ти овозможи повеќе да уживаш во твоето вежбање.

3. Зголемено расположениеПриродната светлина е многу важна за здравјето и за добросостојбата! Освен што нè снабдува со витамин Д, кој е неопходен за силни коски и многу други својства за здравје, изложувањето на сонце, исто така, е поврзано со поттикнувањето на серотонинот, кој е хормонот за среќа. Серотонинот е поврзан со позитивното расположение и е претходник на мелатонинот, кој ни е потребен за добар сон.

4. Можеш да бидеш креативен
Трчањето надвор е очигледна можност, но што е со вежбите за зголемување на силата? Вежбањето надвор ти дава можност да бидеш креативен со своите вежби! Скалите, клупите, оградите, масите за пикник или ниските ѕидови може да послужат како опрема за вежбање. Доколку не си слушнал за ваков вид вежбање, можеш да побараш инспирација на интернет!

5. Без членарина!
Членарината во фитнес-салите или во фитнес-клубовите може да биде висока, што може да биде пречка за многу луѓе! Не дозволувај парите да се испречат помеѓу тебе и твоето здравје и вежбај надвор, бидејќи е бесплатно!

Дали сакаш да присуствуваш во организирани вежби во природа? Wellness by Oriflame организира повремени настани за вежбање во групи што се поддржуваат за да ги исполнат своите цели. Следи нè на Фејсбук и придружи ни се на нашите Wellness настани!