Пет факти за пХ-балансот што треба да ги знаат сите жени

Рамнотежата на пХ-нивото е клучна за здравјето на кожата и на интимната зона. Но што е пХ-ниво? Нашата експертка Лорна Дели ги има сите одговори!

Што е пХ-баланс?
пХ е мерка за киселина на скала од 0 до 14. Ни кажува колку е кисела или алкална некоја супстанција. пХ-вредност 7 е неутрална вредност. Вредностите под 7 укажуваат на киселост, а колку се помали бројките, толку е поголема киселоста, што значи дека 0 е најкиселата вредност. Вредностите над 7 укажуваат на алкалност, а колку се поголеми бројките, толку е поголема алкалноста, што значи дека 14 е најалкалната вредност.

Колку е пХ-нивото на кожата?
пХ-нивото на кожата е малку под 5, што значи дека е малку кисело.

Што ќе се случи ако се наруши пХ-нивото?
Ако пХ-нивото на кожата е превисоко или прениско, може да се наруши здравата рамнотежа на кожата и на нејзиниот природен микробиом (микроорганизми што се природно присутни во кожата и што ја заштитуваат кожата). Како резултат, ќе се наруши природната рамнотежа на кожата, со што може да ја загуби природната заштита.

Дали пХ-нивоата се различни во различни делови од телото?
Да. пХ-нивото на интимната зона е пониско, околу 3,5-4,5. Слично како преостанатиот дел од кожата, ако рамнотежата на пХ-нивото на интимната зона е нарушено, кожата може да го загуби природниот заштитен механизам. Кога заштитата на кожата е намалена, може да се појави иритација или зголемена чувствителност.

Што можам да направам за да ја одржам рамнотежата на пХ-нивото?
За време на менструација, важно е редовно да ги менуваш тампоните или влошките. Исто така, важно е да не користиш груби сапуни или гелови за туширање. Наместо тоа, користи линија производи што е посебно создадена за оваа интимна зона, како Feminelle. Овие производи за интимна нега се развиени за одржување на идеалното пХ-ниво и за заштита на микробиомот. Производите Feminelle содржат млечна киселина, пребиотик и природни шведски екстракти за долготрајна удобност. Овие производи се и биоразградливи, што е добро за животната средина.

Текст: