5 вежби за двојки што и двајцата ќе ги сакате

Додајте повеќе физички активности во вашата врска. Вежбањето со личноста што ја сакате не е само забавно туку е и добро за вашето здравје!

1. ЧАС ПО ТАНЦУВАЊЕ 
Танцувањето во двојка не само што промовира здрав живот туку и здрава врска. Така ќе бидете физички поблиску еден до друг и ќе мора да зборувате и да работите како тим доколку сакате да ги освоите чекорите во танцот!

2. БОКС 
Бројот на мажи и жени
што одат на бокс за да постигнат поголема сила, баланс, витост и координација, расте. Затоа, доколку барате нешто што ќе ви претставува предизвик за вежбање, боксот можеби е тоа што ви треба. Боксувањето во двојка е одличен начин да се ослободите од стресот и да создадете среќни ендорфини што ќе ве остават во добро расположение во рингот.

3. СПОРТОВИ  СО РЕКЕТ
Сквош, тенис, бадмингтон
, па дури и пинг понг - се забавни спортови за секоја двојка. Доколку сте нови во ова поле на спортот, можете да најмите тренер што ќе ве научи на основите. Или можете да се зачлените во клуб каде што може да играте против други двојки како начин на дружење.

 

4. АКРОЈОГА 
Акројога се вежби
што се прават со помош на партер, кои вклучуваат акробации и јога. Повеќето пози бараат од вас да го подигнете вашиот партнер или тој вас и притоа ќе треба да си верувате еден на друг и да работите како тим. Бидете подготвени да работите напорно и да се смеете уште повеќе!

5. ПЕШАЧЕЊЕ 
Пешачењето претставува една од најдобрите вежби на секое време. Бесплатно е, не бара никаква специјална опрема и можете да се предизвикате себеси да пешачите колку што сакате. Ако можете
, пробајте да се тргнете од градот и да пешачите во природа, што е докажано дека го намалува нивото на стрес и го зголемува вашето расположение. Далеку од работите што би ви го одзеле вниманието, можете да уживате во друштвото на вашата сакана личност додека истовремено станувате поздрави.


Текст: Фотографии: Getty Images