Во форма и прекрасна, без разлика на годините!

Редовната физичка активност е основа за добро здравје на секоја возраст. Но како што старееме нашето тело се менува и има потреба од редовно вежбање.

20-ти

Ако имате добра форма и здравје во младоста, сигурно ќе имате здрави навики кога ќе имате повеќе години. Правете аеробни вежби најмалку 30 минути, пет пати неделно. Вашето тело треба да биде јако на 20 години, но сепак треба да ја зајакнувате мускулатурата и да го поттикнувате метаболизмот со редовно вежбање. 

 

30-ти

Во вашите 30-ти метаболизмот се забавува и потешко е да се намалува тежината. Можеби имате семејни или работни обврски, но особено е важно навиките за вежбање да бидат дел од вашето секојдневие. Обидете се да создадете рутина која ќе балансира високо-интензивна аеробна активност со вежби за зајакнување на мускулатурата. Запишете се на часови по пилатес кои ќе ви помогнат да имате јаки мускули.


”Можеби имате многу домашни обврски, но не заборавајте на физичкаѕа актовност која треба да биде дел од вашето секојдневие”




40-ти

На 40 години мора да имате изградени здрави навики за исхрана и физичка активност. Купете педометар и секојдневно поминувајте најмалку 10 000 чекори. Покрај редовните кардио вежби – сот.  ден за одмор – вклучете редовно вежбање во вашиот распоред. Ако сте нервозни поради зголемените килограми, запишете се на вежбање со тренер кој правилно ќе ве насочи во текот на вежбањето.

50-ти

Многу жени доживувуваат хормонални промени во текот на 50-тите години. Тие предизвикуваат зголемување на тежината. Купете аеробик топка и вежбајте дома или запишете се на часови по јога кои ќе ви помогнат да работите истоврмено на телото и духот. Вежбањето со лесни тегови ќе ги заштити мускулите и зглобовите и ќе гокомплетира вашиот кардио распоред.

 

60-ти и повеќе 

Во таканаречените „златни години“ потребно е многу да внимавате на вашите коски. Вашето тело можеби ќе предизвикува, но не сме да биде исцрпено. Пливањето и вежбите во вода се совршени. Ако страдате од болки во зглобовите и коските пробајте со планинарење или прошетки на чист воздух. А за баланост – неопходен на оваа возраст – Тај Чи вежбите ќе ја зголемат вашата сила  и флексибилноста.

Текст: Фотографии: Oriflame E-Marketing Team