Јога за лице: Вежби за лице против стареење

Сигурно досега сте запознаени со јога, вежби кои се фокусираат на телото, душата и балансот, но дали сте слушнале за јога за лице? Кога вежбате секојдневно, јогата за лице или масирањето на лицето докажано дејствуваат против стареење, ги подобруваат изгледот на кожата, структурата и го спречуваат опуштањето, и да го подобруваат целокупниот квалитет на кожата - еве како да го направите тоа!

Пред да ги научите нашите пет омилени позиции, еве што има да ве советува директорот на Наука и истражување на Орифлеим, др. Алан Мавон: “Неодамнешните истражувања потврдија дека вежбите кои ги стегаат и општаат мускулите на лицето ги стимулираат фибробласите и го спречуваат губењето на еластичноста на кожата. Тоа е позната техника која помага во задржување на еластичноста на кожата и има ефекти на нејзиното опуштање. Доколку ме прашувате мене, неколку минути секојдневно правење вежби за лицето и рутина за нега на кожа ( како што е NovAge Ultimate Lift) се тајна за кожа со помлад изглед!” 

1. Истегнувач на јазикот
Добра за: Оваа позција може да изгледа смешно, но всушност помага за чистење на токсините што се собираат околу очите. 
Вежба: Држете и очите ширум отворени и гледајте нагоре. Отворете ја устата, истегнете го јазикот надолу, кој брадата колку што можете повеќе. Држете го така 10 секунди потоа повторете.

2.  "V" - вежба
Добра за: "V" - вежбата го таргетира стареењето на областа околу очите и челото и помага во намалување на отоците под очите.
Вежба: Поставете ги показалецот и средниот прст во форма на латиничната буква "V" на двете дланки. Притиснете ги средните прсти на внатрешниот агол на веѓите а показалците на надворешните. Гледајте кон таванот и подигнете ги долните капаци нагоре. Потоа опуштете. Повторете шест пати.

3. Оформување на носот 
Добра заГи зајакнува мускулите на носот и превенира општање на носот. 
Вежба: Користете ги палецот и показалецот да ги затворите ноздрите. Тргнете ги прстите и задржете ги ноздрите во таа положба потоа пуштете ги да се вратат на место. Повторете неколку пати.

4. Рибино лице
Добра за: Оваа позиција ги измазнува линиите од смеење и превенира опуштање на виличната коска.
Вежба: Соберете ги усните го во “рибино лице” положба и насмевнете се. Задржете ја оваа позиција 30 секунди, опуштете и повторете.

5. Бакни го небото
Добро за: Помага за намалување на брчките и опуштената кожа околу вратот додека исто времено ги зацврстува мускулите на вилицата.
Вежба: Навалете ја главата наназад кој таванот и истегнете го вратот. Напрчете ги усните како да сакате да пратите бакнеж. Опуштете и повторете.




Текст: Фотографии: Getty images