Елена Бубало ти порачува: Направи позитивна промена сега!

Инспирирано од пристапот на шведскиот начин на исхрана, производите од нашата линија Wellness by Oriflame се создадени од природни состојки, кои помагаат да се надоместат недостатоците во исхраната и постигнување здрав животен стил. Со цел уште повеќе да ги запознаеме своите потрошувачи со придобивките на оваа врвна линија, од оваа година, бренд амбасадор за Wellness by Oriflame е Елена Бубало, групен и персонален фитнес- тренер. Прочитајте повеќе за соработката, но и за тоа како можете да живеете поздраво, во ова интервју.

КАКО ЗДРАВИОТ ЖИВОТ СТАНА ВАША ПАСИЈА, КОЈА ВЕЌЕ СО ГОДИНИ ИМ ЈА ПРЕНЕСУВАТЕ НА ДРУГИТЕ?

Тоа е многу лесно штом ќе се видат првите резултати. Ова го работам повеќе од 10 години, а пред тоа тренирав само за себе. Тогаш уште немаше многу клубови за вежбање, бевме лимитирани во изборот, но тоа не беше важно, еден тренинг ми го смени животот. Се чувствував среќно бидејќи сум направила нешто за себе, имав многу поголема концентрација, која ми беше многу потребна бидејќи во тоа време и учев и работев, помирен сон, грижа за внесот на калории и здрави намирници. И кога сето тоа ќе се собере - и не е мала работа, тоа е градење здрава иднина, здраво тело, како физички, така и психички. Спортот нè прави многу појаки како единки, без разлика дали е тоа рекреативно или професионално. Така, денес сето тоа можам да му го пренесам на секој што доаѓа во салата да вежба со мене, но и на секој кој ќе ме праша што било во врска со вежбањето.

НО МОДЕРНОТО ТЕМПО СЕКОГАШ НЕ НИ ДОЗВОЛУВА ПРИГОТВУВАЊЕ ЗДРАВИ И ФИТНЕС-ОБРОЦИ...

Јас не би се согласила со тоа и би кажала дека е едно од честите оправдувања што ги слушам. Секако дека не е лесно, но мора да се почне од некаде. Добар план, малку интернет, совет од тренер, нутриционисти и, најбитно од сè - желба за сето тоа - секако дека ќе помогнат во приготвувањето здрав оброк. Повеќе од 60% од луѓето работат по минимум 8 часа, мене ми е јасно тоа, но ако се потрудат навечер да си приготват оброци за наредниот ден-два, тоа нема да им одземе повеќе од 1 час. Тоа да се спакува и да се однесе на работа. Така, кога немаме лош избор на храна, нема лошо да јадеме и ќе го јадеме тоа што сме испланирале и подготвиле. Сè е навика, секој може да си даде шанса 1 недела и потоа веќе нема назад и ќе му се спротивставиме на ова т.н. модерно и брзо време. Јас тоа постојано го разговарам со моите вежбачи и успеваме да ги смениме навиките, како со вежбањето, така и со исхраната, и затоа со сигурност гарантирам дека е возможно, само бара малку посветеност, а потоа поминува во навика.

МОЖЕМЕ ЛИ ДА СМЕТАМЕ НА ДОДАТОЦИТЕ ВО ИСХРАНА КАКО НАШИ СОЈУЗНИЦИ?

Токму така, тие се наши сојузници. Едно е тоа што не се внимава многу на правилната исхрана, па истите не се внесуваат во телото од таа причина, но од друга страна и здравите намирници немаат доволна концентрација на одредени витамини, минерали, антиоксиданти, омега-3 масни киселини и други важни супстанции што треба да се внесат во нашето тело во одредена концентрација. Тука се одредени алергии, интолеранции кои дополнително придонесуваат помал природен внес. Па затоа и се препорачуваат додатоци во исхрана. Тоа е повеќе тема за докторите, но веќе добро познато е дека треба да се дел од нашето секојдневие. Јас, лично, и покрај здравиот начин на исхрана, вежбањето и мојот стил на живот, задолжително пијам и внесувам додатоци за кои сметам дека ми недостасуваат во исхраната, а некои ми се дури и препорака од мојот матичен доктор.

РАСКАЖЕТЕ НИ ЗА СОРАБОТКАТА СО „ОРИФЛЕИМ“...

Нашата соработка е повеќе од една година и е една од ретките соработки кои не се еднократни. Можам да кажам дека е една интересна приказна, која би била среќна да трае. За да соработувам со некого, мора да верувам во неговиот производ, имам толпа луѓе кои ми веруваат и ме слушаат, и тоа што им го пренесувам мора да е квалитетно, испробано и сигурно. Нашата соработка првобитно е за линијата Wellness by Oriflame. Кога јас и мојот сопруг Атанас сето тоа го исчитавме и анализиравме, прво сфативме дека се идеални производи за нас лично. Составот, конкретно на шејковите и на супите, му одговара на нашиот тип исхрана, додатоците во исхрана се нешто што нам ни е неопходно, а се произведени според високи стандарди, што ни дава сигурност за нивно користење. Прво јас лично се уверив во квалитетот, вкусот, во резултатите и потоа сè беше лесно. Кога велам лесно мислам на подлабока соработка, различни обуки, пренесување на моето знаење за исхраната, заедно со овие производи. Па следеа многу резултати од нашите вежбачи, кои ми даваа дополнителен мотив и сигурност и сега веќе зборуваме за нешто за кое се чувствувам сигурна да зборувам - за овие производи, за нивниот состав, придобивки и за начинот на употреба.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВЕЛНЕС-РУТИНАТА НА „ОРИФЛЕИМ“?

Има многу придобивки, но ќе се потрудам кратко и јасно да ги објаснам. Шејковите, супите и протеинската мешавина се производи кои се богати со минерали и витамини и, најбитно за мене, имаат избалансиран состав, а тоа значи дека ги имаат главните макронутритиенти во својот состав, а тоа се јаглехидрати, масти и протеини. За сите што брзаат и грешат во исхраната кога немаат ужина, па каснуваат што ќе им дојде при рака, шејковите и супите се одлична избалансирана ужина, која се приготвува многу брзо, а притоа во телото се внесуваат малку калории, но исто така и значајно избалансиран оброк со витамини и минерали. Шејковите со правилна комбинација и додавање други намирници може да бидат не само ужина туку и појадок или вечера. Протеинската мешавина многу често се користи за готвење без брашно, што е многу важен податок. И остануваат преостанатите додатоци во исхрана, како што се омега-3 масни киселини, мултивитамини, антиоксиданси, детски производи (мултивитамини, омега) за кои веќе сите ние знаеме колку се важни и колку треба да се внесуваат во нашето тело, но исто така, важен е изборот на производителот, па така Wellness by Oriflame има сериозно уникатни извори на погоренаведените супстанции, кои се произведени според највисоки стандарди и процеси.

ШТО ГИ ИЗДВОЈУВА ВЕЛНЕС-ПРОИЗВОДИТЕ НА „ОРИФЛЕИМ“ ОД ДРУГИТЕ?

Историјата на компанијата и приказната за тоа како настанала оваа извонредна линија е една од причините кои ми го привлекоа вниманието. Значи, како што кажав и претходно, составот на производите, стандардите и контролите на производство. Во овој период, многу важно за мене е тоа дека сите се безбедни за време на бременоста, јас моментално сум во таа состојба и без размислување ги користам. Ако е безбедно за мајката што носи дете, тогаш е безбедно за секого, а нема ништо поважно во моментов за мене од правилната исхрана и суплементација.

КОИ СЕ ВАШИТЕ КЛУЧНИ СОВЕТИ ЗА МОТИВАЦИЈА И ИСТРАЈНОСТ ВО НАМЕРАТА ДА БИДЕМЕ ЗДРАВИ И ФИТ?

Одлучете да направите позитивна промена и почнете веднаш! Не грижете се за вашата моментална физичка состојба. Никој не почнал подготвен! Со вежбањето оди и исхраната, најдете начин на исхрана што ќе ви биде стил на живот, а не еднократна диета. Ова да ви биде рутина и уживање. Бидете упорни, не откажувајте се, бидејќи така нема да успеете. Ако ви е полесно, земете друштво со вас - пријател, сестра, брат, родител за поголема мотивација, тоа помага многу. Паметно изберете тренер! Тренирајте здраво! Хранете се правилно! Со тоа ќе бидете појаки, посигурни, посреќни!

Текст: Фотографии: Ани и Дими