Дали изгледате соодветно за вашата возраст?

Дали некогаш ви се случило да се погледнете во огледалото и да помислите “Леле колку старо изгледам денес”? Не сте единствените. Истражувањата покажуваат дека четири од пет жени не изгледаат соодветно за возраста. Но, кои црти на лицето прават да изгледате повозрасно од тоа што навистина сте? Разговравме со Eve Mereville, една од истржувачите од AGE REFLECTTM студијата на Орифлеим, која истржуваше како изгледаат одредени возрасти.

 Да почнеме од почеток

: Што е AGE REFLECTTM студијата?

Од 2012 год, Орифлеим врши детални истражувања на тоа како ние ја доживуваме возраста и процесот на стареење на кожата. Ја изучувавме кожата на 1000 жени, од различни географски, културни, етнички и возрасни групи. Од линиите околу очите, до брчките, до црвенилото, анализиравме 23 карактеристики за да изведеме заклучок кои од нив влијаат на тоа колку старо изгледаме. 


И, зошто Орифлеим реши да спроведе истражување за тоа како ја доживуваме возраста?

Четити од пет жени не изгледаат соодветно на возраста. Перцепцијата на возраста е мошне фасцинантна тема! Но исто така е и нова научна дисциплина во инсутријата за убавина. Разбирањето на двигателите на перцепцијата на возраста, ни даде можност да создадеме решенија за нега на кожа против стареење кои ги таргетираат знаците кои се навистина важни



"Разбирањето на двигателите на перцепцијата за возраста, ни даде можност да создадеме решенија за нега на кожа против стареење кои ги таргетираат знаците кои се навистина важни."



Кои беа клучните наоди од студијата?

Студијата откри 23 основни знаци на стареење, од кои 12 имаат најголемо влијание на нашиот изглед. Интересно е, што значењето на овие 12 знаци е различно кај различни етнички групи. На пример, тонот на кожата е значителен знак на стареење кај азијатките, заедно со безживотноста и хиперпигментацијата на кожата кои имаат значително влијание на перцепцијата на возраста.

Иако нееднаквиот тен преставува знак на стареење кај жените од кавкаско потекло, брчките – особено околу очите и на челото – имаат најголемо влијание на перцепцијата на возраста. Опуштена кожа исто така има влијание на перцепцијата на возраста кај овие жени, кај кои опуштената кожа околу устата и брадата има тенденција да се појави порано отколку кај другите етнички групи.



"Различните жени покажуваат различна загриженост на различни возрасти, затоа препорачувањето на продукти базирани на возраста не е доволно софистициран пристап кон нега на кожата."


Што се случува сега? Дали орифлеим ќе креира производи базирани на судијата?
AGE REFLECTTM  му даде на Орифлеим холистички поглед кон перцепцијата на возраста, нагласувајќи ги најзначајните знаци на стареење и давајќи ни огормно знаење на кое ќе ги базираме и таргетираме нашите технологии.



12те знаци на перцепција на возраста 

    1. Локализирано црвенило
    2. Потемен тон ка кожата
    3. Нерамномерен тон на кожата
    4. Недостаток на сјај
    5. Проширени пори
    6. Брчки под очите
    7. Груба кожа
    8. Линии околу очите
    9. Длаболи брчки
    10. Брчки на горната усна
    11. Брчки на челото
    12. Опуштеност на кожата кај вилицата или брчки при смеење





    Текст: Sophia Marinho de Lemos



    Текст: Фотографии: Shutterstock