1. Стапала подготвени за лето
Мангото е симболично летно овошје и со добра причина. Освен што е вкусно, тоа изобилува и со големо количество добри состојки за нега на кожа и тело. Линијата Feet Up со манго е совршена за налето. Овие лимитирани производи содржат природни состојки што длабински ја негуваат кожата и им даваат нов живот на стапалата. Мангото е богато со витамин А и витамин Ц, кое ја освежува кожата однатре. Екстрактот од женшен е богат со антиоксиданти што ја обновуваат кожата на стапалата. Пилингот за стапала ефективно ги отстранува мртвите кожни клетки, додека кремот и спрејот за стапала ја хидрираат и ја штитат кожата. Тројката им помага на стапалата да изгледаат свежо и здраво, во текот на целото лето и им помага да имаат свеж мирис подолго време. Пробај го овој сет за педикир со прекрасен мирис и негувај ги стапалата така како што заслужуваат.
2. Реши ги проблемите со стапалата
Понекогаш на стапалата им е потребна поголема нега од вообичаено. Линијата за напредна нега може да ти помогне во овие моменти. Овие производи од линијата Feet Up Advanced целат на посебни проблеми со стапалата. Кремот за стапала богат со минерали има големо количество шеа-путер и длабински ја смирува и негува кожата, а истовремено и овозможува на кожата да дише. Интензивната маска за стапала содржи глицерин, чист шеа-путер и пчелин восок, за задржување на хидратацијата и одржување на мазни и меки стапала во текот на целото лето. Мешавината од цинк за регенерирање на кожата, богата со протеини, магнезиум, железо и бакар им дава здрав и обновен изглед на стапалата без да мораш да посетиш спа-центар. За поголема удобност во текот на денот, пробај пар силиконски влошки што можат да се носат со сандали. Без разлика дали носиш шпицести потпетици или летни сандали со полна потпетица, силиконските влошки ќе го олеснат носењето високи потпетици.
3. Четири чекори за меки стапала!
Рутина за педикир за сите жени што сакаат да уживаат во домашен педикир, наместо да одат во салон или спа-центар. Почни со практична турпија што ќе ти помогне да ги отстраниш мртвите клетки од петиците и да ја измазниш кожата на стапалата. Потоа избери антиперспирантен крем и освежителен крем за стапала, за стаплата да останат суви, свежи и без мирис во текот на целиот ден (СОВЕТ: пробај пар хидратантни чорапи за соодветно задржување на хидратацијата). За крај, искористи пудра-дезодоранс за да ти помогне да ги отстраниш сите бактерии и да спречиш инфекции на стапалата предизвикани од прекумерно потење, како и освежителен спреј за стапала, со својства за ладење и негување, кои ќе ги обноват стапалата.
Со овие висококвалитетни производи за стапала ќе можеш да ги негуваш стапалата така како што заслужуваат. Носи летни обувки со самодоверба и покажи ги прекрасните и здрави стапала.