Прво, честото патување ти овозможува да бидеш подобар и да имаш поголемо разбирање за другите луѓе. Кога патуваш на ново место, каде што поминуваш време меѓу лица со различна култура, го набљудуваш нивното однесување и ги гледаш како луѓе наместо да им судиш за нивните верувања. Поради тоа, имаш поголемо разбирање за другите луѓе и учиш да ги почитуваш нивните мислења.
Второ, патувањето те учи дека не вреди премногу да се приврзуваш за ништо на светот. Чувствата и приврзаноста се здрави и невозможно е да живееш без нив, но кога врската со некое друго лице или со материјални работи ќе стане толку голема што ќе почне да влијае врз твојот живот, време е да патуваш и да размислиш за твојот живот. Кога патуваш од едно место на друго, дознаваш дека некогаш е важно да се откажеш од некои работи и да не се приврзуваш премногу за нив.
Трето, учиш како да се приспособиш на светот околу тебе. Кога патуваш, често има моменти кога не ти се достапни некои основни работи, како топол кревет, без кои си мислел дека не можеш да живееш. Поради тоа, патувањето те учи како од ништо да направиш нешто, кога мислиш дека светот околу тебе се руши!
Па, што чекаш? Спакувај ги куферите и почни да патуваш за да ослободиш дел од себе, со кој инаку не би можел да се запознаеш!