Додатоци во исхраната
Добро балансираната исхрана е неопходна за цврсти нокти, но е, исто така, најважна за да изгледаш и да се чувствуваш добро секој ден. Здравата храна што изобилува со железо, селен и калциум, допринесува за цврстината на ноктите, но, исто така, им помага побрзо да пораснат! Можеш да го поддржиш растот и цврстината на ноктите со добри додатоци во исхраната. Ти го препорачуваме Нутри-комплексoт за коса и за нокти.
Дневна нега
Следна важна навика што треба да ја имаш е да користиш крем за нокти што може да ги заштити ноктите од пожолтување и кршење. Запомни, во овој случај негата е клучна! Дополни ја рутината за нокти со крем што ги негува и регенерира рацете и ноктите и лакови за нокти што го поддржуваат растот, ги зацврстуваат ноктите и ги омекнуваат кутикулите.
Секогаш биди подготвена
Сите знаеме како е кога ќе ти се скрши нокт во најнечекуваното време. Најчесто ова прави да се чувствуваш непријатно и влијае врз твојата самодоверба. Не дозволувај повтроно да ти се случи ова! Секогаш биди подготвена за ваква ситуација и носи го Nail It Сетот за маникир секогаш со себе. Сетот содржи алатки што ќе ти помогнат да ги поправиш ноктите во секоја ситуација!
Совршен изглед
Лакирањето на ноктите не е толку лесно колку што изгледа. Посебно кога ти е потребно да нанесеш многу слоеви од омилениот лак за да ја добиеш посакуваната нијанса. Затоа, секогаш имај добар завршен слој, за да ти помогне лесно и брзо да ги поправиш несовршеностите, како на пример The ONE Брзото решение за лак за нокти! Суперлесен за нанесување, го зголемува сјајот, ги поправа несовршеностите и им дава совршен изглед на ноктите, со леснотија!