#1 Ладен крем за раце со пчелин восок и масло од бадем Love Nature
Збогатен со пчелин восок и масло од бадем, овој ладен крем ќе ја обнови намалената хидратација на кожата и ќе ѝ ја даде потребната енергија. Пчелиниот восок е природна хидратантна состојка и го зацврстува горниот слој на кожата. Составот на овој крем, во комбинација со масло од бадем, помага за одржување меки и мазни раце. Линијата исто така содржи балсам за усни и крем за лице, совршени за промената на сезоната!
#2 Два во еден шампон со масло од авокадо и камилица Love Nature
Овој шампон има прекрасни состојки. Маслото од авокадо ја омекнува косата и ја снабдува со потребната хидратација, додека камилицата помага за смирување и за регенерирање.
#3 Линијата со маслиново масло и алое вера Love Nature
Алое верата е состојка што има многу позитивни својства, вклучувајќи протеини и минерали. Маслиновото масло, богато со витамин Е, помага за обновување на кожата и зацврстување на нејзиниот горен слој. Можеш да уживаш во својствата на овие две состојки, секој ден, со линијата со маслиново масло и алое вера Love Nature.
#4 Пилинг-гел за туширање со јагода и лимета Love Nature
Направи пилинг на кожата со семки од јагода и ослободи се целосно од нечистотијата и мртвите клетки со овој освежителен и обновувачки гел за туширање со јагода и лимета. Со целосно биоразградлив состав!
#5 Лосион за тело со масло од сусам и магнолија Love Nature
Негувај ја кожата со потребната хидратација и мекост, со овој лосион за тело збогатен со масло од сусам и екстракти од магнолија. Составот на гелот за туширање е без сапун и ја прави кожата мека и мазна. Нанеси го лосионот за тело по туширање, за твојата кожа да биде хидрирана, еластична и со прекрасен мирис!