5 причини поради кои костенот е добар за твојата убавина и здравје

Јаткастите плодови секогаш биле познати по своите хранливи својства и придонеси за убавината. Овие плодови се многу добри за твојата кожа, усни и коса. Тие, исто така, го подобруваат здравјето и те одржуваат во форма и со многу енергија. Откриј ги сите добри својства на костенот. Следуваат неколку факти што треба да ги знаеш за него.

Лекува повеќе кожни проблеми
Антиоксидантите и витамините во костенот ја освежуваат и ја хидрираат твојата кожа. Производите како повеќенаменскиот крем со екстракт од костен Chestnut Collection, со големо количество лековити својства, може многу да ѝ помогнат на твојата кожа. Сувата кожа што напукнува може лесно да се излечи со хранливите состојки на костенот.

Ја поттикнува меморијата
Б-витамините, растворливи во масло, кои се присутни во костенот го поттикнуваат создавањето црвени крвни зрнца, ги разградуваат јаглените хидрати, протеините и мастите и ги зголемуваат енергијата и силата на твоето тело. Тие, исто така, ја зголемуваат функцијата на мозокот, со што се подобруваат работата на мозокот и меморијата. Здравјето на нервниот систем може да се подобри со стабилизирање на протокот на крвта, за што придонесува калиумот присутен во костенот.

Длабинско хидрирање на кожата
Лосионите и хидратантните кремови што содржат костен ја прават кожата мека и свежа. Костенот содржи состојки што ја прават твојата кожа мека, хидрирана и здрава. Тој длабински ја хидрира нашата кожа. Може да го користиш кремот за туширање со екстракт од костен Chestnut Collection за кожата да ти биде свежа и добро хидрирана.

 

Го намалува холестеролот
Диеталните влакна присутни во костените го намалуваат холестеролот, што ќе те одржува во форма и добро здравје. Ова ти овозможува да имаш здраво тело, а манганот присутен во костените го намалува ризикот од срцев удар. Костенот, исто така, ја зголемува енергијата, за да можеш да работиш без да се уморуваш постојано.

Ја зацврстува косата
Калиумот, Б-витамините, цинкот и Е-витаминот, присутни во костенот, може многу да ѝ помогнат на твојата коса и да ги елиминираат токсините од твоето тело, кои ја оштетуваат и ослабуваат твојата коса. Шампоните и лековите за коса што содржат костен се препорачливи за оштетена коса.

Сега, кога ги знаеш добрите својства на костенот, можеш да почнеш да користиш повеќе производи со екстракт од костен. Костенот, кој го препорачуваат нутриционистите и козметичарите низ светот, може да им помогне на твоето тело и здравје. Слободно пробај ги сите производи со екстракт од костен, пред да го одбереш најдобриот за твојот тип кожа и здравје. Не заборавај да го прашаш својот лекар дали си алергична на некои јаткасти плодови, пред да ги пробаш производите.

Текст: Фотографии: Орифлеим/ Shutterstock