Зајакнете си го имунитетот оваа зима

Наскоро ќе пристигне зимата и затоа е време да си ги подготвите телото и имунитетот за ладните месеци. Следете ги нашите совети и бидете здрави

ПРОБИОТИЦИ
Сакате да го зголемите имунитетот и да му помогнете на телото да се бори против болести? Пробиотиците се микроорганизми што се добри за дигестивниот систем. Бидејќи голем дел од имунолошкиот систем се наоѓа во стомакот, важно е да внесуваме здрави бактерии што ќе му овозможат да функционира беспрекорно. Пробиотици има во многу производи, како на пример во јогуртот и во кефирот.

БАЛАНСИРАНА ИСХРАНА
Кога сме кај храната, треба да кажеме нешто и за зимската исхрана. Дајте му ги на телото вистинските хранливи вредности и зајакнете го имунитетот.
За да внесувате голем број витамини и минерали, ви го препорачуваме режимот на исхрана „Виножито“. Тоа вклучува мешавина од разнобојни зеленчуци и овошја во секој оброк - колку поразнобојни, толку подобро. Исто така, не заборавајте на различните извори на протеин, цели зрна и семки. Балансот е клучна работа.

На имунолошкиот систем можете да му помогнете и ако одберете да не користите одредени производи. Одбегнувајте процесирана храна и храна што има премногу сол и шеќер.

СПИЕЊЕ
Сакате да се наспиете убаво за време на викендот? Кој не сака! Во зима имате повеќе причини за тоа. Докажано е дека недоволното спиење ги зголемува шансите за разболување. Затоа, се препорачува околу 8 часа спиење секој ден. За време на спиењето нашето тело има можност да се излечи и да зајакне. Затоа поминете го утрото в кревет. Вие го заслужувате тоа!

ВОДА
Налето сите сакаат да пијат вода. Времето е жешко и ожеднуваме од потењето. Но како што паѓаат температурите, лесно е да заборавиме дека водата е еднакво важна за цела година. Што се однесува до имунолошкиот систем, водата е важна бидејќи е главна состојка на лимфните јазли. Лимфните јазли им помагаат на белите крвни садови и на другите садови да патуваат низ телото и да се борат со болестите. Не заборавајте да пиете вода секој ден!

ВИТАМИНИ
Ви ги споменавме како дел од вашиот режим на исхрана, но не смееме да заборавиме колку се тие важни за имун
олошкиот систем. Двата витамина што треба да ни бидат во прв план се витамините Ц и Д. Витаминот Ц е антиоксидант што се бори против слободните радикали и помага во заштитата на нашите клетки. Витаминот Д ги активира Т-клетките во нашиот имунолошки систем што се борат против инфекции во телото. Витаминот Ц го има во овошјето и зеленчукот, а витаминот Д во сонцето. Тие мора да бидат важен дел од вашата исхрана. Особено во зима!


Текст: Фотографии: Getty Images