Вратете се на работа со сета убавина

Есента е на прагот. Направете ја вашата сезонска промена колку може полесна со најдобрите производи за убавина кои ќе ја освежат Вашиот рутина за шминкање.

Промената никогаш не е лесна. Промената на годишните времиња и временските услови влијаат како на нашето расположение, така и на нашата кожа. Доколку имате рутина која ви одговара, нема потреба да инвестирате во комплетно нови производи. Погледнете ја листата на најдобрите производи и дочекајте ја есента изгледајќи одлично!

 

 Како што наближува есента, кожата полека станува по сува, при што соодветна хидратација станува клуч за задржување на свежиот тен. Инвестирајте во хидратантен крем против стареење кој ќе ви делува магично бидејќи ќе ја разубави вашата кожа додека истовремено се бори против знаците на стареење. 

.

        Сите ги сакаме повеќенаменските производите кои може да ги коритстиме во текот на целата година! Користете го овој заштитен балсам како фиксир на вашите веѓи, нанесете на усните и очните капаци за инстантен сјај, или користете го за да ги омекнете кутикулите.

.

 


 

 Користењето маска за лице неколку пати неделно може да делува магично на вашата кожа. Смирувачката гелна маска со алое вера ќе ја освежи, хидрира, нахрани, смири и излечи кожата на вашето лице.

                             

Како што летниот тен избледува, нагласете ги вашите усни со женствена и нежно обоена нијанса. Пробајте бисерно розев кармин со СПФ.

 


Легендата вели дека Нефертити и Клеопатра, двете носеле црвени нокти. Денес, познатите се колнат во овој цигурен избор за маникир. (Ги обожувавме црвените нокти на Blake Lively на премиерата на Captives на 67от Кански Филмски Фестивал во Мај). Станете модерна Rita Hayworth и почестете се себе си со домашен маникир, одржување на вашите нокти и истовремено заштедување пари – потполна добивка!

Текст: Anna Blom


Текст: Фотографии: Oriflame Editorial Team