Грижа за кожа во текот на целиот ден

Нашиот биолошки ритам, познат како телесен часовник, ги контролира нашата енергија, хормоните и здравјето на кожата. Еве неколкку добри навикки (и одлични производи) што треба да ги синхронизирате со вашиот 24-часовен циклус за кожа со здрав изглед.

НАУТРО
Во текот на денот кожата треба да се брани од надворешните агресори (како загадување и штетните сончеви зраци), па затоа одберете производи што одговараат со овој циклус за да ја негувате и заштитите кожата.

Ако живеете во голем град важно е да користите производи што ја штитат кожата од високките нивоа на загадување. Добар да начин да га доставите овие состојки до вашата кожата преку серум со фина текстура бидејќи тие се апсорбираат лесно и можат да навлезат длабоко во слоевите на кожата. Но, серумите не и ја обезбедуваат доволната хидратација на кожата за да бидат последн чекор во рутината за нега - исто така ви е потребен и хидратантен крем со СПФ заштита.

Вашиот дневен крем треба да ја извршува улогата на штит - освен околу очите, каде е подобро да користите лесен крем за очи. За заштита од загадување, барајте дневен крем што содржи екстракт од растителни матични клетки од акаи растение кој е богат со антиоксиданти, ја зголемува хидртацијата и ги таргетира слободните радикали. И не заборавајте на СПФ, голем број дневни кремови содржат СПФ15 или повеќе, но сепак проверете на пакувањето.

ПОПЛАДНЕ
Седењето пред екран може да и наштети на кожата повеќе отколку што мислите. Релативно новата област на истражување покажува дека БЗВЕ (видливи зраци со висока енергија) што ги емитираат вашиот компјутер у мобилен телефон можат да предизвикаат појава на тенки линии, опуштање на кожата, хиперпигментација и црвенило - исто така, познати како знаци на стареење.

Во текот на денот, зголемете ја природната заштита на кожата така што ќе и дадете антиоксиданти преку спреј-тоник (како овој на Ecobeauty). И како што произведувањето на маснотиите е најголемо во текот на попладнето, што води ккон масна т-зона, чувајте марамчиња за впивање на маснотиите во чантата за да можете да го избришете лицето во секој дел од денот. 

ВЕЧЕР
Сите знаеме како недостатокот на сон дејствува на нашето расположение, ни исто така влијае и на здравјето на кожата- ги забрзува стареењето и воспаленијата. Затоа доброто здравје на кожата многу зависи од добриот ноќен сон - додека вие одмарате, кожата работи.

Чистењето на кожата треба да биде задолжителен чекор во вашата вечерна рутина за нега на кожата - неопходно е да ги отстраните шминката и маслата што се собираат во текот на денот. Можете да забележите дека голем број тоници содржат комбинација од хидроксидни киселини (како салицилна, гликколична или млечна, на пример) што помага во стимулација на обновувањето на кожата, исто и серумите, како NovAge Ecollagen и True Perfection. Преку отстранувањето на мртвите клетки, овие одлични производи го забрзуваат процесот на обновување на кожата што се случува во текот на ноќта.

И, бидејќи дехидратацијата на кожата е најголема додека спиете, богат ноќен крем што и обезбедува хидратација и заштита на кожата и го спречува разградувањето на колаген е задолжителен.


Текст: Фотографии: Getty Images