АВОКАДО
Авокадото е богато со моносатурирани масти – и пред да се згрчите пред зборот “масти” знајте дека ова е нешто добро! Моносатурираните масти ги штитат клетките од штетата која ја предизвикуваат слободните радикали, со што ја подобруваат текстурата на кожата. Едно авокадо со просечна големина содржи околу 14 грама влакна, кои помагаат да се исфрлат токсините кои предизвикуваат остарен изглед надвор од телото.
ВОДА
Награда за најдобар борец против стареење? Водата. Ја полни кожата и ги исфрла токсините, што ја прави еден од најдобрите борци против безживтна и дехидрирана кожаБРОКУЛА
Брокулите се полни со витамин Ц, кои е познат по тоа што се бори против оштетувањето на кожата предизвикано од надворешни влијанија како сонце и загадување. Исто така, присутен во цитрусните овошја, витамонот Ц игра клучна улога во производството на колаген.
ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ
Бадемите и лешниците се полни со Омега-3 масни киселини, протеини и витамин Е. Овие здрави закускиможат да помогнат во поправањето на оштетувањата на кожата и борбата против брчки.
ЛОСОС
Масните риби како лосос и пастрмка се идеални за одржување на блескав изглед. Тие содржат висока концентрација на протеини, кои помагаат во поправањето на оштетувањата на кожата и одржување на нејзината цврстина, исто така полни се со Омега-3 и Омега-6 масни киселини кои се клучни за поправањето на оштетувањата на кожата.
ДОМАТИ
Доматите се полни со ликопен, моќен антиоксиданс кој ја штити кожата од сонцето и ја спречува да не се масти.
КИВИ
Само едно киви ја содржи препорачаната дневна доза цитамин Ц. Ова супер овошје помага во создавањето на колаген, ги брише токсините и ја подобрува еластичноста на кожата – што придонесува за младешки изглед на кожата
ОВЕС
Овесот е полн со влакна и нутриенти кои ја чуваат влажнста на кожата. Тој исто така има одлични анти-воспалителни својства, содржи антиоксиданси и е извор на салицилна киселина која ги набабрува кожните клетки и помага во маналувањето на тенките брчки.
Додатоци против стареење
ОМЕГА-3
Иако можете да најдете Омега-3 масни киселини во масните риби, поголемиот дел од над не внесуваат доволно преку исхраната. Омега-3 додатокот во исхрана ќе ви помогне да ја одржите кожата навлажнета и силна, и ја подобрува еластичноста со што ја намалува појавата на брчки
АСТАКСАНТИН
Астаксантин е антиоксидант кој го има во алгите. Тој и припаѓа на истата фамилија на молекули како бета-каротен и ликопен (кој го има во доматите), и докажано е дека астаксин е 100 пати посилен од витаминот Ц во фаќањето на слободните радикали.