Сѐ што треба да знаете за кожата во менопауза

Освен пубертетот, менопаузата е едно од најпроблематичните времиња за вашата кожа. Но што всушност се случува и како да ги победите овие проблеми? Ја прашавме нашата експертка за нега на кожа Мелина Гилеади.

КАКО МЕНОПАУЗАТА ЈА МЕНУВА КОЖАТА?

За да ја разбереме менопаузата, прво треба да зборуваме за хормоните. Накратко, хормоните можеме да ги опишеме како сигнални молекули. Ова значи дека тие му даваат сигнали на телото за тоа да се однесува на одреден начин. Естрогенот е вид хормон што се поврзува со жените. Тој има голем број функции, како на пример синтеза на протеини и одржување на нивото на вода во телото.

Еден од најважните протеини за кои е одговорен естрогенот е колагенот. Колагенот е клучен за цврста и отпорна кожа. Тој исто така е значаен и за создавање гликозаминогликани (ГАГ) во кожата. Тие претставуваат долги низи од молекули на шеќер што привлекуваат вода и го одржуваат нивото на навлажнување.

За жал, за време на менопаузата, нивото на естроген значително опаѓа, што има негативни последици на кожата:

  • Нивото на навлажнување се намалува
  • Стапката на производство на колаген забавува
  • Структурниот матрикс на кожата е нарушен, поради што се создава меланин (кафени точки)

 

КОИ СЕ НАЈЧЕСТИ ПРОБЛЕМИ НА КОЖАТА ВО МЕНОПАУЗА? 
Најчести
проблеми на кожата во менопауза се: сувост, повеќе брчки, повеќе дамки, помалку еластичност и потенка кожа како резултат на намалувањето на нивото на колаген.

ДАЛИ КОЖАТА ЗА ВРЕМЕ НА МЕНОПАУЗА ИМА ПОТРЕБА ОД НОВА РУТИНА ЗА НЕГА НА КОЖА?
Да, на кожата ѝ треба повеќе нега. За време на менопаузата, жените треба да внимаваат на внесувањето хранливи состојки (побогати масла), хидратацијата на кожата, негата на виснатата кожа и брчки, како и негата на нерамномерниот тен. Изофлавоните, како што е Genistein, докажано ја подобруваат кожата и влијаат на намалување на нивото на естроген. Хијалуронската киселина исто така е клучна за хидратација на кожата и за победа на сувоста на кожата кај жените на зрела возраст.

КОЈА Е НАЈДОБРАТА НЕГА ЗА КОЖАТА ВО МЕНОПАУЗА?
Овозможете ѝ на кожата хранливи состојки и хидратација со помош на рутина што е создадена да се бори против длабоките брчки (со технологии што го зголемуваат колагенот) и со дамки.

КОИ ПРОИЗВОДИ ЌЕ ГИ ПРЕПОРАЧАТЕ ЗА КОЖА ВО МЕНОПАУЗА? 
Ќе
ја препорачам линијата NovAge Time Restore. Сите производи од оваа линија содржат Genistein, а дневниот крем содржи хијалуронска киселина, две важни состојки што ја подобруваат кожата во менопауза.

КОЈ Е НАЈВАЖНИОТ СОВЕТ ШТО МОЖЕТЕ ДА Ѝ ГО ДАДЕТЕ НА ЖЕНА ШТО ИМА НАД 50 ГОДИНИ?
Никогаш
не треба да се откажете од негата на вашата кожа! Секогаш можете да ја разубавите со вистинска нега, посветеност и дневна рутина. Не заборавајте и да пиете многу вода, не изложувајте се премногу на сонце, вежбајте и хранете се здраво.

 





Текст: Фотографии: Getty Images