1. Направете поза
Имате две минути? Тогаш моќната поза е она што ви треба за да ја зголемите вашата самодоверба! Застанете со раширени нозе и раце на колковите или ставете ги рацете во V–форма над главата. Така ќе се чувствувате доминантно и ќе го намалите стресот.
2. Насмевнете се
Има една позната изрека „насмевнете се и целиот свет ќе ви возврати“. Тоа е точно! Не само што насмевката ќе ви ја зголеми самодовербата туку и ќе ги намали чувството на стрес и бројот на срцевите отчукувања. Така полесно ќе ги изразите позитивните чувства.
3. Научете нешто ново
Ако постигнете нови цели и стекнете нови вештини, вашата самодоверба ќе се зголеми, а со тоа ќе изгледате посреќно. А, да бидеме искрени, секогаш е убаво да се научи нешто ново! Тоа може да е нешто мало, како на пример нови вежби за активност, или нешто големо, како на пример учење нов јазик.
4. Мирисајте прекрасно
Можеби изгледа неважно, но истражувањата покажуваат дека луѓето чувствуваат поголема самодоверба кога го користат својот омилен мирис. Од оваа идеја тргнавме кога го развивме нашиот нов парфем My Destiny, со екстракт од турмалин. Кристалите од овој полудрагоцен камен имаат ретка енергија, позната по зголемувањето на самодовербата. Пробајте!
5. Раздвижете се
Вежбајте, вежбајте, вежбајте! Ова можеби изгледа како очигледен одговор, но не значи дека не е вистинит. Вежбањето има многу физички и психолошки придобивки. Не морате да бидете врвен спортист за да се чувствувате добро поради своите постигнувања. Само одредете цел што одговара на вашата физичка состојба и постигнете ја – тоа ќе направи да се чувствувате гордо.