9 најдобри совети за одржување на косата во лето

Летото официјално почна. Но, без разлика колку ги сакаме сонцето, морската вода и опуштените денови покрај базенот, ништо од ова не е добро за вашата коса. Следете ги нашите 9 совети и ќе бидете подготвени да имате прекрасна коса цело лето!

СОВЕТ #1 КОРИСТЕТЕ МАСКА
Дехидрираната коса не изгледа убаво, но налето е тешко да ја избегнете. Користете богати и интензивни хидратантни третмани за да ја заштитите и негувате косата и да го спречите кршењето.

СОВЕТ #2 УВ-ЗАШТИТАТА
Претерана изложеност на сонце ја суши и ослабнува косата, но доколку ја покриете со капа или модерно со марама за да ја заштитите од штетните ув-зраци.

СОВЕТ #3 ХИДРАТАЦИЈА
Топлото и влажно време може да предизвика немирна и разлетана коса, но нанесувањето мало количество арганово или кокосово масло на врвовите моментално ќе ги навлажни и ќе ги смири разлетаните прамени. Доколку често сте излезени, носета мало шишенце масло со вас за можете да нанесете кога ќе ви се разлета косата.

СОВЕТ #4 ПРЕД ПЛИВАЊЕ 
Пред да влезете во базенот или во морето, намокрете ја косата со свежа вода. Доколку нурнете со сува коса, таа ќе ги апсорбира хлорот и солта веднаш - доколку нурнете со мокра коса, нема!

СОВЕТ # 5 ПО ПЛИВАЊЕТЕ 
Косата е најслаба кога е мокра. По пливањето, може да биде невозможно да ја отплеткате косата кога ќе се исуши. Обидот да ги исчеткате заплетканите прамени води само кон кршење и опаѓање на косата. Чувајте чешел со широки запци и регенератор што не е измива во вашата торба за плажа и нанесете на косата веднааш штом излезете од базенот.

СОВЕТ #6 ПЛАКНЕЊЕ
Солената вода и хлорот ја сушат и оштетуваат косата. По пливањето, исплакнете ја косата со свежа вода и нанесете регенератор што не се измива.

СОВЕТ #7 МИЕЊЕ  
По ден во базенот, на вашата коса ќе и биде потребна дополнителна нега. Мијте ја косата со шампон што поттикнува обновување, што ќе ги измии сите хемикалии што се адржале на косата. Завршете со регенератор што го поттикнува обновувањето и и дава влажност на косата.

СОВЕТ #8 СТИЛИЗИРАЊЕ
Природното сушење на косата е најдобар избор - особено по целодневната изложеност на сонце. Но, ако не можете да го прескокнете користењето на фен или преса за коса, тогаш користете ги на ниска или средна температура на загревање и секогаш користете спреј за заштита на косата.

СОВЕТ #9 БОЕЊЕ
Погрижете се да не претерерувате со дополнителни хемиски третмани на косата за време на летото. Доколку сакате да ја боите косата, обидете се тоа да го направите еден или два месеци пред да да бидете постојано изложени на сонце за да ја избегнете и намалите штетата.



Текст: