1. ХОРИЗОНТАЛНА БАЛЕТСКА ШИПКА
Сакате да бидете грациозни како балерина? Тогаш вежбањето на хоризонтална балетска шипка е токму за вас! Комбинација на класичен балет, тренинг на силата и суштински вежби, каде што правите движења само од неколку сантиметри. Најчесто при вежбањето се применува тежината на телото, но и малечки тегови и ремени за отпор. Резултира со прекрасна природна поставеност на телото и зголемена флексибилност и сила.
2. БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ
Во потрага сте по вежби што ќе ви дадат мотивација? Ништо не е поинтересно од боречки вештини. Дали станува збор за бокс или за карате или, пак, сакате нешто со помалку контакт како боречки клуб, или аеробик-кикбокс - со сигурност ќе се ослободите од стресот. Ќе ви ги обликува и зајакне мускулите, ќе го подобри вашето кардио и ќе ја зголеми вашата самодоверба!
3. ПАРКУР
Заборавете на ѕидовите од тула и на покривите. Паркур и салите за слободно трчање ќе ви овозможат еднакво возбудливо искуство. Изградени се на тој начин што ги имитираат пречките во надворешниот свет (без закана за паѓање врз бетонот, кој го има насекаде и кој може да ви ги скрши коските) и ви даваат можност да дознаете кој е вашиот лимит на способност и сила.
4. ОПУШТАЊЕ СО ПОМОШ НА ЦВРСТА ПЕНА ЗА ВЕЖБАЊЕ
Целулит. Целулитот не претставува ништо страшно, секој има целулит! Но понекогаш е добро да се намали. Цврстата пена за вежбање е совршено решение. Ова е продукт за масажа што ги опушта напнатите мускули и ги прави еластични и здрави. Најдобриот дел е што овие вежби може да ги правите и дома, само со два едноставни продукти: ролерот од цврста пена и Интернет. На Јутјуб можете да најдете прекрасни туторијали за вежбање!
5. ГРУПНО ТРЧАЊЕ
Сакате да џогирате но немате мотивација? Има лек за тоа! Групното трчање претставува социјализација на еден осамен спорт. Ќе ве поттикне да бидете поактивни и подобри и ќе ви помогне да научите нови техники. Затоа, без разлика дали трчате надвор или на машина за трчање, наредната сесија нека ви биде групна.
6. ЈОГА ШТО Ѝ ПРКОСИ НА ГРАВИТАЦИЈАТА
Отсекогаш сте посакувале да бидете акробат? Тогаш, ова е нешто токму како за вас! Јогата на парче платно што виси од плафон, во комбинација со пилатес, ви ги подобрува силата и флексибилноста. Исто така е и забавно.
7. КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ
Доколку сте во потрага по адреналин, качувањето по карпи е вистинската работа за вас! Чувството што го добивате откако ќе се искачите и ќе фрлите поглед надолу да видите колку метри сте се искачиле е бесценето. Исто така претставува добра вежба за целото тело. Има претпријатија што ви овозможуваат искачување во сали со специјално опремени ѕидови слично на карпи. Може да испробате различни техники на качување, со јаже или без јаже, но еднакво забавни.