7 совети за убаво тело

Летото е тука и тоа е совршена причина за ги зацврстите мускулите, односно добар изговор да започнете со здрав стил на живот. Телото кое е цврсто и мускули кои се дефинирани не само што ќе ја зголемат вашата самодоверба туку и ќе ви обезбеди дополнителна енергија за цело лето. Еве го нашиот водич во кој ќе научите како да се чувствувате и изгледате одлично!

1.ПОСТАВЕТЕ РЕАЛНА ЦЕЛ

Немојте да се брзате да изгубите килограми пред одмор или некој важен настан. Брзото губење тежина го забавува метаболизмот, тоа не е добро ни за вашето здравје, ниту како долгорочно решение. Наместо тоа поставете реални цели и обезбедете доволно време за да ги остварите.

2. ОДРЕДЕТЕ ТЕРМИН КОЈ ВИ ОДГОВАРА

За деловен состанок, вечера со пријателите или дружење се закажува термин, така ли е? Исто би требало да направите и со терминот за вежбање. Пронајдете во својот неделен распоред време за вежбање во теретана, фитнес или едноставно за шетање и пешачење. Ако немате време доволно ќе биде да вежбате во својата дневна соба.

3.РАЗУБАВЕТЕ ЈА СВОЈАТА КОЖА

Сакате блескава кожа? Секако! Секој ден додека се туширате правете нежна масажа со четка за тело која ќе ја поттикне циркулацијата. Користете нежен пилинг два пати неделно и хидратантен лосион за да ја подобрите текстурата и цврстината на кожата.

4. ЗА РУЧЕК – БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО

Разубавете ја кожата и одвнатре. Овошјето со живи бои како боровница е богато со антиоксиданси. Витамините А и Ц се едни од најважните за убава кожа, а ги има во зеленчикот со зелена боја.

5. НА ОТВОРЕНО!

Доколку е убав, сончев ден прескокнете го терминот во теретаната или фитнес центарот. На отворено можете да трчате, возете велосипед, пливате, планинарите – можностите се бројни! Не заборавајте да нанесете заштитен фактор!

6. ПОБЕДЕТЕ ЈА НАДУЕНОСТА
За Вашиот совршен костим за капење најмалку што сакате е да го облечете на надуен стомак. Затоа пред одморот избегнувајте ги вештачките засладувачи, не пијте газирани сокови, алкохолни пијалоци и избегнувајте храна која предизвикува надуеност во стомакот.

7. НЕМОЈТЕ ДА СТЕ МНОГУ КРИТИЧНИ

Немојте да се мачите со споредувањето со моделите од насловните страници. Концентрирајте се на своето тело. Доколку имате балансирана исхрана, редовно вежбате и имате препорачана нормална килажа, нема потреба да се критикувате самите себе. Здравото тело е најубаво тело.

Текст: