Како зимското време влијае врз нашата кожа?
Зимското време не влијае погодно на кожата, при што доаѓа до губење на рамнотежата. Ова е особено вистинито во земји каде што зимите се суви, па поради тоа влијанието врз кожата е поголемо и знаците на стареење се забрзани. Како резултат на тоа, линиите на лицето се позабележливи поради загубата на влажност.
Кои се вашите најдобри совети за воспоставување повторна рамнотежа на кожата?
Има неколку работи што можеме да ги направиме за да ја заштитиме нашата кожа за време на зимските месеци. Еве неколку совети:
1. Млеко за чистење на кожата
Заменете го вашето пенесто средство за лице со млеко за чистење на кожата. Млекото за чистење можете да го користите двапати дневно, или да го користите наутро, а пенестиот лосион за лице да го користите навечер. Така кожата нема да ја изгуби скапоцената масленост.
Ви препорачуваме: млеко за чистење NovAge
2. Пилинг
Наспроти општото мислење, препорачливо е да се користи благо триење на кожата во зима за да се отстранат вишокот мртви клетки.
Ви препорачуваме: микроексфолирачки пилинг NovAge
3. Богат навлажнувач
Заменете го вашиот навлажнувач со побогат. Но ако не сакате да го замените вашиот навлажнувач, само додајте капка масло за лице во вашиот крем. Тоа ќе додаде дополнителна хранливост, која ѝ е потребна на вашата кожа и ќе ви даде природен блесок.
Ви препорачуваме:крем за лице EcoBeauty
4. Масло за лице
Користете масло за лице за длабинско хранење на вашата кожа. Нанесувајте го навечер, кога вашата кожа најдобро може да го апсорбира. Пробајте производ со органско арганово масло, кое ја храни вашата кожа и ја прави да заблеска.
Ви препорачуваме: масло за лице EcoBeauty
5. Маска за лице
Користете маска за навлажнување и/или маска за хранење на кожата барем двапати неделно за да ја задржите влажна и нахранета вашата кожа.
Ви препорачуваме: маска за лице со краставица Love Nature
Бонус-совети
Не заборавајте да пиете многу вода и да користите навлажнувач на воздухот - особено кога спиете. Греалките најчесто го сушат воздухот, па затоа навлажнувачите на воздух се добри за одржување оптимална влажност на воздухот во вашата соба. Резултатите ќе ги забележите уште утрото.