Пет начини да ја избегнете празничната треска

Ви се смачува од самата помисла на празниците што претстојат? Смирете се и дозволете ни да ви покажеме како да бидете релаксирани во најбурното време од годината. Малин Петерсон, менаџер за Wellness за Централна Европа, е тука да ве советува.

 

ПРОБЛЕМ БР. 1: НЕМАТЕ ВРЕМЕ ЗА ОДМОР
РЕШЕНИЕ: НАПРАВЕТЕ ПОСЕБНА АТМОСФЕРА ВО ДОМОТ
За да го направам моето место релаксирано и пријатно јас користам цвеќиња. Зеленилото не само што го разубавува просторот, туку и го прочистува воздухот. Мирисливите свеќи се исто така чести во мојот дом, особено со ванила и цимет!

 

ПРОБЛЕМ БР. 2: ПРЕМНОГУ ХРАНА
РЕШЕНИЕ: ЈАДЕТЕ ПАМЕТНО

Густо исполнетиот распоред може да ја наруши вашата исхрана и да ве натера да јадете нездраво, што може да доведе до екстра-килограми. Кога не можете да постигнете навреме, подобро е да јадете паметно, односно да консумирате храна што е богата со хранливи состојки и што се приготвува лесно. Не постои ништо поосвежувачко од топла супа кога надвор е студено. Веднаш ќе ве крене на нозе!


ПРОБЛЕМ БР. 3: ВРЕМЕТО ЛЕТА ПРЕМНОГУ БРЗО 
РЕШЕНИЕ: ИСКОРИСТЕТЕ ГО СЕКОЈ МИГ
За да научите како да го искористите времето и да им дадете приоритет на работите мора да мислете на вашето здравје. Јас секогаш оставам време за вежбање, што ми помага да ги средам мислите и стресот по напорниот ден. Честопати ги поканувам и пријателите, бидејќи заедно е позабавно!

ПРОБЛЕМ БР. 4: МЕТЕЖ НАСЕКАДЕ
РЕШЕНИЕ: КУПУВАЈТЕ НА ИНТЕРНЕТ
Потрагата по подароци во трговските центри понекогаш може да биде понапорна од трчање маратон. Не само што трошите време туку и бучавата е секогаш тука: гласна празнична музика во секоја продавница, бескрајни редици и тешки торби. Зошто не пробате да купувате од удобноста на сопствената софа со лаптоп и шолја чај до вас... Дури и ако не сакате да купувате преку Интернет, искористете ја барем можноста да ги одберете производите. Вашите стапала и паричник ќе ви бидат благодарни!

ПРОБЛЕМ БР. 5: ДОЦНЕЊЕ
РЕШЕНИЕ: ВЕЖБАЈТЕ ГО МОЗОКОТ
Ако не се придржувате на вашиот распоред на работа и дома, може да настане стрес. Сепак има решение. Прво, сфатете дека не сте сами во ова и дека сите имаат обврски во ова време од годината. Потоа, научете некои техники за дишење што ќе му помогнат на вашето тело да се опушти и да го добие потребниот кислород. Витамини и минерали исто така ќе ви помогнат. Трето, направете реален план за она што треба да се направи пред Божиќ и откако ќе ги напишете работите на лист хартија, ќе сфатите дека не е крај на светот и ќе се посветите на исполнување на задачите.


Текст: