4 начини на кои животната средина ѝ штети на вашата кожа

Секојдневно сме изложени на штетните фактори од животната средина што имаат големо влијание на нашата кожа. Сакате да дознаете кои се најчестите фактори и како да се заштитите од нив? Прочитајте ги советите на нашата експертка за нега на кожа Мелина Галеади!

1. УВ-ЗРАЦИ
Сонцето е најпознатиот
штетен фактор за кожата. Неговите УВ-зраци (ултравиолетови зраци) ги оштетуваат нивоата на еластин и колаген и ја прават вашата кожа опуштена и со брчки. Преголемата изложеност на овие УВ-зраци може да доведе до обезбојување и дамки - знаци на прерано стареење.

Совет од нашата експертка за нега на кожа: 
Секојдневното користење СПФ-заштита е многу важно, дури и ако е облачно или ладно надвор. За целодневна покриеност побарајте дневен крем со СПФ 15 или повеќе. Ако сакате дополнителна заштита, ви го препорачувам дневниот лосион Optimals Even Out со СПФ 35.

2. ЗАГАДУВАЊЕ
Загадувањето, како
што се смогот и испуштањето гасови, му штети на нашето тело директно на кожата и внатрешно, кога вдишуваме. Како и УВ-зраците, и загадениот воздух ѝ штети на кожата и ја суши.

Совет од нашата експертка за нега на кожа: 
Загаденоста
има големо влијание на вашата кожа. Ако живеете во град, тешко е да ја избегнете, па затоа ви препорачувам да ја чистите кожата секој ден и секоја вечер за да ги отстраните шминката и нечистотиите, потоа да користите производи што се создадени да го спречат сушењето на кожата. Ви препорачувам да ги користите нашите нови линии Optimals Even Out и Optimals Age Revive - производи со активни состојки против загадување. Oвие активни состојки се создадени да дејствуваат како заштита на кожата од штетните фактори на животната средина.

3. ПУШЕЊЕ
Не е никаква
тајна дека пушењето е штетно за кожата. Но не мора да пушите за да ги почувствувате штетните последици. Пасивното пушење исто така е штетно. Како и другите штетни фактори од животната средина, пушењето може да предизвика прерано стареење и создавање брчки. Исто така може да ја исуши кожата и да ја направи помалку сјајна.

Совет од нашата експертка за нега на кожа:  
Можам
само да ви кажам: Немојте да пушите!

4. ВНАТРЕШНО ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ
За да се заштитиме од промените во температурата, повеќемина од нас користат радијатори и клима-уреди за да постигнат пријатна температура. За жал, ова е штетно за нашата кожа. Загреаниот воздух ја намалува влажноста, што ја суши вашата кожа. Истото тоа важи и за ладниот воздух, што ја иритира вашата кожа.

Совет од нашата експертка за нега на кожа:  
Ви
препорачувам да создадете добри навики за нега на кожата. Следете едноставна рутина за нега на кожа, наутро и навечер, за да ги решите проблемите поврзани со губењето на влажноста и на сјајот и со создавањето брчки. Ваквата рутина се состои од средство за чистење, крем за очи и средства за навлажнување. Исто така ви препорачувам користење серум и, на крајот, дневен и ноќен крем.

Текст: