4 нови супер-моќни суперхрани

Го нарекуваат "Богатство за здравје", нов тренд на трошење на фитнес и активности поврзани со здравјето, производи и храна. Доколку веќе имате доволна резерва на кељ, спирулина и боровинки во вашата кујна, тогаш продолжете да читате: Овие четири популарни суперхрани се полни со големи количини на нутиренти!

1. БАОБАБ
Што е тоа?
Ова ултра-нутритивно овошје расте на дивите дрва кои го има во Африка и Австралија. Ова "супер овошје" може да се јаде свежо, како пулпа или во форма на прав.

Зошто да го пробате:
Овошката баобаб има 10 пати повеќе антиоксиданси од боровинките, брусницата и калинките, и барем дупло повеќе антиоксиданси од акаи и гоџи бобинките. Има два пати повеќе аклциум од млеко, шест пати повеќе калиум од банана и пет пати повеќе витамин Ц од портокал.

2. МАТЕ
Што е тоа?
Хранливото мате е наравено со мелење и попарување на листовите од светото дрво на дождовната шума: дрво кое расте во Јужна Америка.

Што го прави “Супер”?
Мате содржи 90% повеќе антиоксиданси од зелениот чај. Го подобрува имунитетот и се верува дека ослободува од стрес. Исто така претставува и популарен антиоксиданс и исто така, му се припушуваат својства кои го забавуваат стареењето.

3. МОРИНГА
Што треба да знаете
Растението моринга потекнуав од Хималаите, но исто така го има низ цела Азија и во Африка. Листовите се мелат за да се добие прав богата со нутриенти која може да се користи како додаток во смутиата и салатите.

За што станува збор?
Моринга содржи 46 различни антиоксиданси и има шест пати повеќе антиоксиданси од гоџи бобинките. Исто така има 25 пати повеќе железо од спанаќот и е претставува природен лек против воспаленија.

4. КАКТУСОВА ВОДА
Кактус што?
Боцкавата крушка-кактус од Мексико и Југоисточна Америка произведува овошка од која се прави сок, пире а потоа се пие (обично со додаден сок од лимон).

Дали е добро колку и кокосовата вода? 
Можеби и подобра. Како и кокосовата вода, кактусовата вода изобилува со хидратантни, природни електролити, но има помалку шеќери и калории. Исто така содржи таурини, амино киселина која ги фаќа слободните радикали и ја поправа штетата на мускулното ткиво.

Текст: Фотографии: Fotolia