4 ефективни производи со салицилна киселина што ти се потребни за да ги спречиш флеките

Дамките се секогаш непожелни, но поради некоја причина тие секогаш се појавуваат кога најмалку ги сакаш, како на твојот прв училишен ден, кога треба да одиш на забава или претстојна презентација. За среќа, имаме неколку производи кои дејствуваат брзо на флеките и ги спречуваат да се развијат!

 

Гел за мозолчиња

Гелот за мозолчиња треба секогаш да ти биде на прво место кога ќе почувствуваш дека дека се појавуваат мозолчиња. Нашиот Pure Skin SOS Гел за мозолчиња дејствува брзо за да го спречи влошувањето на мозолчињата и да ја намали големината и црвенилото на мозолчињата во рок од 8 часа благодарение на салицилната киселина.Салицилната киселина е многу ефикасна за намалување на дамките, прочитај повеќе за оваа неверојатна состојка тука.Чувај го гелот за мозолчиња во твојата чанта и нанеси во текот на денот по потреба.

Пилинг за лице

Одличен пилин за лице што всушност може да спречи формирање на флеки , но исто така може да помогне да се подобрат оние што ги имаш во моментот. Ексфолијацијата на твојата кожа ти помага да ги отпушиш запушените пори и да се бориш против митесери, нечистотија и маснотии што предизвикуваат појава на нерамна кожа или флеки. Ако твојот гел за мозолчиња не го направи потребното, пробај да направиш пилинг Pure Skin Smoothing пилингот за лице. Овој пилинг ги содржи сите потреби на твојата кожа за да изгледа повторно мека и мазна, а содржи и смирувачки комплекс, заедно со салицилна киселина.

Маска од глина

Она што го сакаме кај глината е тоа што се користи да се грижи за кожата со векови, испробано е! Сметаме дека тоа е добар показател за тоа колку добро дејствува.Pure Skin 5-minute маската од глина за контрола на маснотија со салицилна киселина апсорбира вишок маснотии ги таргетира и спречува појава на флеки.

 

 

Маска која се лупи 

Маската која се лупи е одлично да ја имаш во твојот арсенал за борба против флеки. Не само што е забавно да се лупи, туку всушност дејствува многу добро. Нашата Pure Skin Маска која се лупи за чистење пори со салицилна киселина ги отпушува запушените пори и ја прочистува кожата за мазна кожа со помалку несовршености. Нанеси го ( избегнувајќи ја областа околу очите, линијата на косата, веѓите и усните) и остави го да дејствува 20-3- минути. Кога ќе ја излупиш, порите излегуваат со неа.

Ако сакаш повеќе совети како да се бориш со флеките, прочитај ги следниве написи:

Рутина за нега на кожа склона кон флеки

Како да се бориш со флеки