Зошто се појавуваат дамките?
Дамките се нормални и обично не е затоа што не го миеш лицето доволно. Дамките се предизвикани од нашите гени или хормони, фактори на животниот стил, како што се јадење нездрава храна или стрес за презентација, или фактори на животната средина, како што се загадувањето. Сите овие фактори можат да предизвикаат мрсна кожа, што во комбинација со мртви клетки на кожата може да формира грутка околу фоликулот на косата што ги заглавува порите создавајќи бели дамки или црни точки. Зголемената мрснотија исто така може да доведе до прекумерен раст на одреден вид бактерии, што може да предизвика иритација и воспаление, создавајќи дамки.
Па, како да се бориш против дамките?
Како прво, добивањето дамки не е твоја вина, затоа не се обвинувај себеси дека не јадеш на правилен начин или премногу се напрегаш. Ти само прави го она што можеш за да се справиш со животот и ќе биде во ред! Не можеме да влијаеме на нашите гени или хормони, а понекогаш и не можеме да влијаеме на тоа што јадеме и на колку загадување сме изложени. Она на што можеме да влијаеме е да ги користиме вистинските производи за нашата кожа. Производите создадени за мрсна кожа и флеки обично имаат состојки за кои е докажано дека ја спречуваат и ја намалуваат мрснотијата, дамките и митесерите. Но, сè започнува со контрола на маслото!
Како да се грижиш за мрсна кожа
Кога имаш мрсна кожа, вообичаено е премногу да се чисти или да се користат груби производи за да се ослободиш од мрсното чувство. Разбирливо е дека можеби сакаш да внесеш “тешка артилерија” кога мрснотијата се појавува, но важно е да бидеш внимателна со кожата, особено кога иматш дамки. Преголемото чистење всушност може да ја дехидрира твојата кожа, предизвикувајќи таа да произведува уште повеќе масло за да се заштити, што го прави проблемот со дамките уште полош. И не заборавај, дури и мрсната кожа има потреба од хидратација за да остане избалансирана, затоа користи хидратантен крем специјално развиен за мрсна и кожа со дамки.
Салицилна киселина и Глуконолактон за спасување!
Салицилна киселина е бета хидрокси киселина (BHA) која е многу ефикасна за справување со дамките. Она што е особено посебно во врска со салицилната киселина е тоа што ги чисти порите одвнатре и ги раствора мртвите клетки на кожата, маслото и нечистотијата кои инаку би можеле да ги затнат порите и да предизвикаат дамки. Исто така, може да се пофали со силни антимикробни својства кои помагаат во борбата против бактериите кои можат да предизвикаат појава на дамки.
Предности на салицилната киселина за кожата:
- Ја ексфолира кожата
- Ги чисти порите на мртвите клетки на кожата, маслото и нечистотијата
- Спречува појава на нови дамки, митесери и мозолчиња
- Се бори против бактериите што предизвикуваат дамки
- Помага во борбата против постоечките дамки
Салицилната киселина е особено ефикасна во комбинација со новата состојка што ја прочистува кожата со понежно дејство - Глуконолактон. Глуконолактонот е полихидрокси киселина (PHA) што ја хидрира, смирува и ексфолира површината на кожата за да открие свежа кожа под неа.
Придобивки од глуконолактонот за кожата:
- Ја чисти и навлажнува кожата
- Поттикнува обнова на кожата
- Нежен е со кожата
- Ја чисти површината на кожата од мртвите клетки на кожата
- Ја зајакнува бариерата на кожата
- Ја смирува нечистата кожа
Значи, ако се бориш со дамки, салицилната киселина и глуконолактонот заедно е една од најдобрите комбинации!
Наскоро! Очекувај ја нашата обновена Pure Skin палета на производи со салицилна киселина и глуконолактон.