3 популарни диети - разбиени

Секој ден се појавува нова хит-диета која ветува "лесни" и "брзи" резултати. Но, дали тие навистина работат? Разговаравме со Експертот за формулата на Wellness, др. Анке Гинцбург (Anke Ginzburg) за нејзиното мислење за трите најпопуларни диети денес.

5:2 ДИЕТСКИ ДИЕТИ
Што е тоа?  

5:2 диетата дозволува да јадете нормално пет дена во неделата ( внес на 2000-2400 калории на ден) и потоа 2 непоследователни денови да внимавате ида го лимитирате внесот на 500-600 калории. 

Мислењето на експертот:
"Во споредба со другите диети, 5:2 е релативно разумна и оджлива опција. Тое е проста математика, внесувањето помалку калории ќе ви помогне да ја налите тежината. Дведневниот планиран намален внес на калории е психолошки издржлив, и оние кои ја држат 5:2 не се прејадуваат во деновите кога можат нормално да се хранат."

ДУКАН ДИЕТА
Што е тоа? 
Книгата со Дукан диетата е продадена во над 8 милиони копии ширум светот и доби неколку познати обожаватели со текот на времето. Таа претставува предефиниран диетски план каде јаглехидратите исфрлени, и заменети со масти и протеини.

Мислењето на експертот:
"Високо протеинските диети имаат тенденција да создаваат енергија, што значи дека консумирате помалку калории. Со изоставањето на јаглехидратите, оние кој ја држат диетата може да доживеат брзо почетно намалување на килограмите бидејќи се исфрлаат и течностите кои нормално би се врзале со јаглехидратите. Како последица, Дукан диетата може да помогне во краткотрајното намалување на килограмите, но нејзините долгорочни ефекти се контроверзни. На телото му е потребна балансирана диета за да може соодветно да функционира, што значи дека му е потребна комбинација од комплексни јаглехидрати, масти и протеини како и витамини и минерали. Јас лично не ја препорачувам Дукан диетата како долгорочен начин на исхрана."


ПАЛЕО ДИЕТА
Што е тоа? 
Палео диетата се фокусира на исхрана како онаа на нашите предци од каменото време. Оние кои ја држат диетата јадат колку може по природно: месо, овошје и зеленчук и јаткасти плодови и семиња се исто така на менито. Накратко, ако можете да го уловите или да го наберете, тогаш може да го јадете.  

Мислењето на експертот:

“Палео диетата е разумен пристан кон здрав живот. Кога се следи содветно, Палео диетата ги обезбедува сите микронутриенти и макронутриенти кои му требаат на организмот за да функционира оптимално и здраво. Доколку ја следите ви препорачувам да се снабдите со органска храна за да извлечете најмногу здравствени придобивки.”


Eкспертски совет: 5 Совети за долгорочно намалување на тежината

  1. Секој ден поставете си цел на денот: "Денес јас ќе.... јадам избалансирани оброци дел ден. Ќе вежбам 30 минути. Ќе пијам повеќе вода. Ќе јадам здрави грицки." На крајот на денот дајте си признание за своите постигнувања. “Денес бев добра затао што…”
  2. Одете ден по ден. Не го гледајте слабеењето како планина која треба да ја искачите, туку како секој ден гледајте го како доближување еден чекор поблиску до вашиот ноњ, здрав, начин на исхрана и живот.
  3. Доколку не издржите, не паѓајте во "се-или-ништо" стапицата на "Па веќе изедов парче чоколадо, сега можам да го изедам целото." научете да прифатите дека некогаш нема да издржите и ќе изедете нешто што не треба, но целосната промена е потребна.
  4. Верувајте во себе. Збирот на многуте мало промени со тек на подолго време, носи многу повеќе придобивки отколку драстична промена направена во кратко временски период.
  5. Следете план за исхрана или мапа на исхрана (како Wellness мапата). Јасните и лесни правила ќе ви помогнат да ја постигнете вашата посакувана тежина на здрав и одржлив начин.

Текст: Фотографии: Shutterstock