Меѓу нас секогаш има луѓе што не можат да замислат ден без чоколадо, т.н. “Чокохоличари”. Тие јадат чоколадо во различни форми, како барови, торти, слатки, бисквити, пудинзи. Па, да ги јадеш секојдневно можеби не е добра идеја, главната состојка има некои придобивки за твоето здравје. Всушност додавањето во утринската овесна каша, чиа пудинг, палачинки или шејкови позитивни влијае врз нашето тело.
Дали веќе знаеш за која состојка станува збор? Да, тое е какао. Бидејќи е тешко да се набројат сите негови корисни ефекти, подолу ти ги претставуваме главните четири.
Да разговараме малку за оваа едноставна иа мистериозна тема и да откриеме зошто какаото е одамнаценето и вреднувано.
Прво, Какаото е … Рудник на минерали
Какаото е полно со следниве минерали (здравствените придобивки се во заградите подолу):
• Манган (антиоксидантна поддршка)
• Бакар (метаболизам, детоксикација, здрава кожа)
• Железо (транспорт на кислород)
• Магнезиум (функција на срце и мускули)
• Фосфор (неопходен за производство на РНК и ДНК во клетките)
• Цинк (имунолошки и репродуктивни системи, коса, очи, и здрава кожа )
• Калиум (функција на срце и нерви)
Второ, Какаото е … Засилувач на енергијата/активноста
Какаото е извор на теобромин – активна состојка која на чоколадото му дава стимулативен квалитет (како кофеин).
Трето, Какаото е … Поддржувач на среќа
Какаото содржи есенцијална аминокиселина триптофан што нашите тела ја користат да направат важни невротрансмитери како серотонин (молекулата што сигнализира среќа). Ова можеби е причината зошто луѓето јадат чоколадо кога се депресивни!
И за крај, Какаото е извор на … Антиоксиданти
Можеби најинтересен квалитет кај какаото се неговите моќни антиоксиданти. Содржи повеќе флаваноиди отколку црвено вино, зелен чај и боровинки. Ова е она што му дава на какаото висок ORAC резултат. (ORAC е единица со која се мерат антиоксиданти растворливи во вода; се залага за радикален капацитет на апсорпција на кислород).
Покрај овие четири, постојат уште многу причини да го сакате какаото! Но запомни – одбери мудро! Ограничи ги чоколадните производите богати со маснотии и шеќери, со вештачки засладувачи, бои и конзервански, и сметај на вкусни високо-протеински шејкови полни со растителни влакна. Кога си гладен, направи Natural Balance шејк од чоколадо, што е вкусна и разноврсна ужинка со соодветни хранливи состојки за твоето тело за да ја исполни твојата потреба за чоколадо на здрав начин.