Летна рутина за нега на кожа

За блескав летен изглед, негувана и заштитена кожа!

Во лето најубаво ќе изгледате кога вашата шминка е природна и постојана, а на плажа сигурно не сакате да имате „тешка“ шминка. Всушност, времето на вашиот годишен одмор е премногу скапоцено за непотребно да го потрошите. Меѓутоа комбинацијата од климатизирани простории, летните жештини и изложеноста на сонце, како и напорните патувања секако дека ја заморуваат вашата кожа. Производите за нега на кожа никогаш не ви биле попотребни од сега.

 

1

ЗАШТИТА

Најдобар начин да го спречите предвременото стареење на кожата е заштитата од сонце. Секако користете заштитен фактор 25 за да го спречите влијанието на штетните ултра виолетови сончеви зраци кои можат да ја оштетат кожата. Изгорениците предизвикуваат намалување на колагенот и еластинот кои се одговорни за младешкиот изглед на кожата.

Исто така е потребно својата течна пудра да ја замените со полесна формулација и лесна текстура. ВВ кремот е совршен избор затоа што не само што обезбедува целосно прекривање, ја штити кожата од ултра виолетовото зрачење и сушење.  

 

2

ХИДРАТАЦИЈА

Можеби богатите и хранливи креми не се најдобар избор за лето, но сигурни не сакате во целост да престанете да ја хидрирате кожата. Изберете лесен крем во услови на сув воздух во климатизираните простории или во временски услови кога влагата во воздухот е зголемена. Оние денови кога сте претерале со сончање задолжително нанесте Sun Zone 3 во 1 хидратантно и смирувачко млеко за нега на кожа по сончање.

 

3

САМОПОТЕМНУВАЊЕ

Пред да нанесете спреј за самопотемнување задолжително направете пилинг на кожата додека се туширате. Пилингот ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата и ја подготвува за нанесување спреј. Започнете со стапалата и нозете затоа што ако започнете со горниот дел од телото – превиткувањето во половината може да предизвика неизедначена боја откако ќе завршите со постапката.

 

Текст: Фотографии: James Meakin