Единствениот знак дека сте биле на одмор е убавиот, исончан тен кој ќе го добиете. Но често забараваме дека додека се сончаме, предизвикуваме разни оштетувања на кожата. Ризикот за добивање рак на кожа е голем и се забрзува процесот на стареење на кожата. За среќа, постојат многѕ добри креми за заштита од сонце кои треба да ги користите.
Holly Grenfell, специјалист за кожа и член на нашиот Oрифлеим тим од експерти за нега на кожа, ќе ви даде неколку совети за заштитните фактори и кремите кои треба да ги користите додека сте на одмор.
‘Облаците не не заштитуваат од УВ зраците, a песокот и водата ја рефлектираат светлината. А вашата изложеност на сонце се зголемува ако сте во некоја земја која е поблиску до екваторот, значи поблиску до сонцето,’ објаснува таа.
Кремите за сончање заштитуваат од УВА и УВБ зраците. УВА зраците навледуваат подлабоко во кожата и предизвикуваат рак, а УВБ зраците предизвикуваат оштетувања на површината на кожата. СПФ бројот ја покажува само заштитата од УВБ зраците.
‘Двојно поголем фактор не значи двојна заштита од сонце.
СПФ 30 обезбедува до 96% заштита против УВБ, но СПФ 50 дава само 98%,’ вели Holly. ‘Заштитата од сонце исто така обезбедува хемиска и физичка заштита, што значи делува и на двата вида зраци и заштитува од тоа да бидат апсорбирани.’
Моментално, ракот на кожата е многу почест кај мажите отколку кај жените. ‘Една од причините е што мажите не користат толку многу средства за заштита од сонце како што на пример користат жените,’ објаснува Holly. ‘Луѓето обично се мрзеливи кога треба да аплицираат крем на целото тело. Решението е производ за заштита во спреј кој лесно се нанесува и брзо се апсорбира!’
Не штедете на креми за сончање
‘Прилагодете ја содржината од кремот за нанесување на целото тело, но повторувајте ја постапката на секои два часа’ вели Holly. ‘Ако почесто се капете, нанесувајте крем по секое капење.’
Ако и покрај сето мачкање, вашата кожа поцрвени Holly има неколку добри предлози: ‘Капење во студена вода ќе ја смири кожата. Нанесете чист алое вера гел наменет за изгорници или искапете се во купка од црн чај. Облогите од јогурт или кисело млеко ја заздравуваат кожата и го намалуваат црвенилото.’