Остани хидриран за да останеш здрав

Дали некогаш си се прашал како околината би изгледала без вода? Блиските паркови, шуми и зеленило би исчезнале. Без вода светот ќе се претвори во пустина без живот, енергија или виталност. Со ова на ум, сега размисли за сопственото тело. Нели е исто? Без соодветна хидратација, твоето тело не би функционирало како што треба. Хидратацијата е неопходна за здраво тело, ум и живот. Како да останеш хидриран? Доколку сакаш да дознаеш, кликни и продолжи со читање.

 

Препораки за течности

Сигурно знаеш дека течностите се неопходни за твоето тело да функционира најдобро. Како општо правило, возрасните лица треба да консумираат 1-1,5 литри течности дневно, освен водата што телото ја апсорбира од храната. Храната овозможува 20% од дневното внесување течности. Запомни дека потребите за дневна хидратација зависат од физичката активност и од климата. За бремените жени се препорачува да консумираат дополнителни 0,3 литри вода дневно, а за жените што дојат се препорачува да го зголемат количеството телности согласно со млекото што го произведуваат. На пример, доколку една жена произведува 750 мл млеко дневно, тогаш треба да го зголеми дневното количество течности за 600-700 мл[1].


 

[1] Научно мислење за диеталната вредност на водата. ЕФСА весник. 2010;8(3)

Важноста на течностите

Водата е главната состојка во човечкото тело и е важна за:

· функцијата на органите

· пренесување хранливи состојки до мускулите

· регулирање на температурата

Процентот на вода во телото кај жените е помала, поради зголеменото количество масти. Од детството до староста, водата во телото се намалува од 75% на 50%.



Дали знаеш дека телото се состои од околу 60% водаI


Регулирање течности

Регулирањето на рамнотежата на течностите е блиску поврзана со регулирањето на рамнотежата на електролитите. Доколку концентрацијата на електролити во телото стане превисока, во мозокот се активира центарот за жед, што создава чувство на жед, а бубрезите го намалуваат лачењето вода[1].

Кога вежбаш или кога си изложен на високи температури, важно е да внесеш доволно течности. Во овие услови, ќе се потиш повеќе, што може да резултира со загуба на електролити и на неколку литри течности на секој час.

Влијание врз изведбата

It’s important to maintain fluid balance in the body. Lack of fluids is the one thing that will negatively impact your performance the fastest. Mild dehydration, defined as a 1-2% loss of body weight due to fluid loss, can result in headaches, fatigue, loss of appetite and vertigo. A weight loss of 3%, which is about 2 litres for a woman weighing 65 kg, will significantly decrease your endurance, strength and performance.

Важно е да ја одржиш рамнотежата на течности во телото.



 

[1] Нордиски совет на министри, Нордиска препорака за хранливост  2012, 5. издание, 2014


 


За секој литар вода што го губиме преку потење, нашата телесна температура се зголемува за околу 0,3°C. Волуменот на крв што го испумпува срцето се намалува на секоја минута, што значи дека отчукувањето на срцето се зголемува за просек од 8 отчукувања во минута[1].

Честа хидратација

Подобро е често да пиеш мало количество течност, отколку големо количество одеднаш.

Wellness by Oriflame Шејковите и Супите можат да ти помогнат за одржување на рамнотежата на течностите, бидејќи содржат вода, јаглехидрати и сол.

· Natural Balance Шејк

· Протеинска Мешавина
· Natural Balance
Супа

Хранлива содржина по порција

Овие Wellness by Oriflame производи се нискокалорични и богати со висококвалитетни хранливи состојки, како протеини и влакна, кои те одржуваат сита. Освен пиењето многу вода, консумирањето на овие производи во текот на денот е добар начин да го зголемиш внесувањето течности.



 

[1] Гисолфи, К.В, Рамнотежа на течностите за оптимална работа, 1996