Здрави Омега 3

Најверојатно веќе имаш слушнато за омега 3. Но дали знаеш што е и зошто ти е потребен? Нема проблем, за неколку минути ќе знаеш многу повеќе.

Што се омега 3?

Омега 3 се вид масни киселини што се важни за твоето здравје. Тие ѝ припаѓаат на групата полинезаситени масти.

МАСТИ

НЕЗАСИТЕНИ МАСТИ

Монозаситени масти и полизаситени масти

ЗАСИТЕНИ МАСТИ

омега 3

 

Мора да ги внесеш преку исхраната, поради тоа што телото не може самото да ги произведе во доволно количество. Поради тоа се нарекуваат основни.

Најважните видови омега 3 се:

  • ЕПА (еикозапентанонска киселина)
  • ДХА (докозахексаеноична киселина)



Зошто ти требаат омега 3?

Зошто ти требаат омега 3 масни киселини?

Омега 3 масните киселини имаат неколку здрави придобивки за твоето тело. Најпознатите придобивки се многубројните придобивки за здравјето на твоето срце.[1] Омега 3 масните киселини можат да ги намалат триглицеридите и да го зголемат нивото на добар холестерол во крвта, како и да го намалат крвниот притисок.

Освен придобивките за здравјето, омега 3 масните киселини имаат и други предности. Дали знаеш дека на пример дека овие масни киселини се сотавен дел од клеточната мембрана и поради тоа се неопходни за дравјето на клетките?



 

[1] Сурмиа. Питер и други. Една риба дневно, за здраво срце! – Преглед на ефектите на омега 3 масните киселини врз кардиоваскуларниот систем, Индиски весник за ендокринологија и метаболзизам, 2013 година

 

Посебни придобивки од ЕПА и ДХА

Твоето тело користи ЕПА за да произведе молекули за сигнал наречени еикосаноиди, кои играат бројни физиолошки улоги и ги намалува воспаленијата на телото.[1]

ДХА  е важна структурна состојка на кожата и на ретината на окото. ДХА е, исто така, важна за развојот и за работата на мозокот кај децата, како и неговата работа кај возрасните.[2] Зголемено ниво на ДХА подоцна во животот е исто така поврзано со оштетено функционирање на мозокот и со алцхајмерова болест.[3]

Новиите истражувања, исто така, покажуваат дека додатоците во исхраната со омега 3, кои се користат како дополнителен третман за клиничка депресија, всушност ги намалуваат симптомите на депресија повеќе од само користењето антидепресанти.[4]



 

[1] Ричоти. Енамуела и други. Простагландини и воспалувања, Артериосклероза, тромбоза и васкуларна биологија, 2011

[2] Синг. Мехарбан, Основни масни киселини, ДХА и човечкиот мозок, Индиски весник за педијатрија, 2005

[3] Мојаџери. М. Хасан, Недоволно внесување витамини и ДХА кај старите лица: влијание врз стареењето на мозокот и деменција, Исхрана, 2015

[4] Ферт. Џозеф и други. Делотворноста и безбедноста на додатоците во исхраната за третман на ментални болести: мета-преглед на мета-анализа на произволни контролирани тестови, Светска психијатрија, 2019

 

\

Прекрасна кожа

Постојат фактори што влијаат врз кожата, а кои не можеш да ги контролираш, како на пример генетиката и возраста. Добрата вест е што постојат многу други фактори што можеш да ги контролираш, како на пример изложувањето на сонце, производите што ги користиш за да ја негуваш кожата однадвор и храната што ја јадеш за да ја негуваш кожата однатре.

Некои хранливи состојки, како омега 3 масните киселини помагаат за грижа на кожата однатре, така што се борат против воспаленијата и го подобруваат липидниот слој на кожата. Овие основни масни киселини придонесуваат и за еластичноста на кожата и нејзината хидратација, а помагаат и за обновувањето на кожата. [1]



 

[1] МкКаскер. Меган М и други. Лековити масти во кожата: структурата и имунолошките улоги на ω-6 и ω-3 масните киселини, Клиники за дерматологија, волумен 28, издание 4, 2010 година

 

Извор на омега 3

Сега знаеш дека омега 3 масните киселини се важни за здравјето.

Храна што е богата со омега 3 се масните риби, како лосос, харинга, сардини и скуша. Рибиното масло и алгите, исто така содржат омега 3.

Јадењето масна риба двапати неделно ќе ти овозможи доволно количество омега 3 за одржување на здравјето.

Кога да користиш додатоци со омега  3?

Доколку не консумираш масна риба двапати неделно, можеш да консумираш додатоци во исхраната за да го внесеш потребното количество омега 3 за одржување на здравјето.

 

Орифлеим омега 3 капсули

КЛИК И ПОРАЧАЈ

Wellness by Oriflame може да го надополни дневното консумирање омега 3. Две капсули дневно ти овозможуваа оптимална доза од овие основни масни киселини (150 мг ЕПА, 100 мг ДХА) без непотребните состојки.

Нашите Омега 3 додатоци се од највисок квалитет и чистина, благодарение на процесот на прочистување со 5 чекори.

Масните ксиелини се добиени од мали риби уловени во дивината што го намалува ефектот врз океаните и се смета за одржливо рибарење. Капсулите се сертифицирани од организацијата Пријател на мореот (анг. Friend of the Sea).

Уште една предност на нашите капсули е што содржат само риба, дури и желатинот е составен од риба.

Уживај и знај дека го правиш најдоброто за твоето здравје!