15 правила за летна нега на кожа

Водете паметна грижа за вашата кожа со нашите 15 правила за здрав и сјаен тен!

1. Не излегувајте без да нанесете средство со заштитен фактор. Заштитниот фактор ќе ја заштити кожата од штетните сончеви зраци и ќе помогне во превенцијата на појавата на темни дамки, исфрлана кожа и предвремено стареење.

2. Можебе не сте знаеле, но вашите усни се едно од местата што најчесто гори. Омекнете ги, имазнете ги и заштитете ги усните од оштетување со балсам за усни со висок заштитен фактор.

3. Чување среј за лице или тоник во фрижидерот е совршен начин да ја одржувате свежа и разладена во топлите денови. Нашиот Ecobeauty тоник има дополнителна придобивка од тоа што е збогатен со органска вода од рози и вода од камилица, и е полн со антиоксиданти!

4. Не го заборавајте скалпот! Изгорената глава не само што е болна, туку и резултира со лупење на кожата и појава на плускавци. Нанесете крем со заштитен крем на патецот или носете капче за заштита во сончевите денови.

5. Ексфолирањето е есенцијален чекор во негата на кожа - ги отстранува мртвите клетки и го забрзува процесот на обновување на кожата, за помазен тен без брчки. Користете ги апаратот за чистење, киселините или пилингот навечер за да избегнете кожата да ви биде чувствителна на сонце во текот на денот. 

6. јадење цело виножито од овошје и зеленчук е одличен чекор напред кон здрава кожа. Искористете ги предностите на летото и надете колку можете повеќе бобинкки, киви, портокали, папаја и јагоди, богати со витамин Ц или внесувајте витамин Е кој го има во авокадо.

7. Има голем број техники за отстранување на несаканите влакненца од вашите нозе, можете да користите гел за бричење и брич, крем или восок за депилација, за ова ви ги препорачуваме Silk Beauty. Секојдневна ексфолијација и хидратација со брзо-апсорбирачки масла или хидратантен крем ќе го одржуваат одличниот изглед на вашите нозе 

8. Топлото и влажно време може да види ккон појава на несакани мозокчиња на лицето, грбот, градите и рамениците. Темелна рутина за чистење, наутро и навечер, што вклучува средство за чистење и тоникк за отсранување на нечистотиите, вишокот масла и шминката ќе ви помогне да ја одржувате ккожата чиста. Мијте ги областите склони ккон појава на мозолчиња на телото со сунѓерче или ракавица и ексфолирајте ги два пати неделно за да поттикнетепромена и обнова на клетките, и наместо вештачки, носете облека од природни ткаенини како памук и лен.

9. Кожата околу очите е природно деликатна и склона кон појава на линии, но замижувањето предизвикано од сонце и УВ-зраците само дополнително го забрзуваат процесот. Носењето капа или шешир или очила за сонце ќе ве заштити, додека пак кремот за очи ќе ја обезбеди потребната хидратација и ќе ги пополни брчките за младешки изглед на очите.

10. Многу често ги запоставуваме гланките, но тие се исто така склони кон појава на брчки и хиперпигментација како и лицето, затоа барајте крем за раце што има заштитен фактор што истовремено ќе ве негува и заштити.

11. Кожата на деколтето, односта областа на градите, е потенка и посува од кожата на лицето, што значи дека е и поосетлива и сонцето може полесно да ја оштети. Избегнете ја појавата на дамки, опуштање на кожата и појава на брчки со дневно користење крем со заштитен фактор. 

12. Третманот на кожата по сончање ќе и ја врати влажноста на кожата и ќе го ограничи оштетувањето од денот поминат на сонце. Ги обожаваме Sun Zone производите што содржат алое вера што го разладува црвенилото, го намалува и олеснува лупењето и ја хидрира сувата кожа.

13. Наместо да се сончате со часови, нанесете средство за самопотемнување( како тоа на Sun Zone). За тен без грижи.

14. Хлорот во базените може да биде штетен и да ги симне природните масла од површината на кожата што ја задржуваат нејзианта влажност. Затоа, по пливањето во базен, веднаш истуширајте се за да избегнете сушење и оштетување на кожата.

15. Доколку имате црвена, надразнета кожа при високи температури, пробајте да го миете лицето со студена вода за да ги намалите капиларите и црвенилото. 




Текст: Фотографии: Getty Images