10 митови за слабеење во кои треба веднаш да престанете да верувате!

Патот до посакуваната, намалена тежина може да биде комплициран, а некогаш дури и опасен. Сепак, постојат безброј збунувачки спротивставени совети. Па затоа, ги собравме 10те најпознати митови за слабеење за да ви помогнеме да ја постигнете посакуваната тежина безбедно и паметно.

МИТ #1: ИЗГЛАДНУВАЊЕТO И ДИЕТИТЕ ЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА ФУНЦИОНИРААТ
Студиите покажуваат дека овој тип на брзи диети никогаш не функционираат на долг рок. Всушност, повеќето луѓе ја враќаат тежината во првата година. Главниот проблем е голем број од овие диети се многу ограничувачки па можат да го оштетат метаболизмот и да не внесувате некои од есенцијалните нутриенти. Затоа што телото ќе има ниски нивоа на енергија, ќе му биде потребна храна богата со масти и шеќери, што значи дека ќе иамте тенденција да јадете огромни количества.

MИТ #2: ЈАДЕЊЕ МНОГУ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ВОДИ ДО НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА
Јадење здрава храна, нема да ги неутрализира калориите од јадењето нездрава храна. Јадењето повеќе овошје и зеленчук треба да ја замени нездравата храна, а не да ја надополни.

MИТ #3: НАМАЛУВАЊЕТО ТЕЖИНА Е КОНСТАНТНО
Некои денови тежината ќе ви се намали, некои ќе ви се зголеми. Не грижете се! Можеби имате повеќе храна во желудникот или вашето тело задржало повеќе вода од вообичаено. Се додека генерално ја намалувате тежината, ќе успеете на долг рок.

MИТ #4: ПИЕЊЕ ВОДА ПРАВИ ДА СЛАБЕЕТЕ
Водата е клучна за доброто здравје, но пиењето вода не прави да намалувате тежина. Сепак, бидејќи тежината може да биде заменета со глад, па затоа пијте повеќе вода и бидете хидрирани за помалку да јадете нездраво грицки.

MИТ #5: РАДИКАЛЕН РЕЖИМ НА ВЕЖБАЊЕ Е ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ДА ЈА НАМАЛИТЕ ТЕЖИНАТА
Одликата да вежбате редовно е одлична, но не можете да очекувате вашето тело да се адаптира на новата рутина, може да има лоши последици. Успешното намалување на тежината вклучува мали промени во дневната рутина до кои ќе можете долгорочно да се придржувате, наместо да барате брзи начини. 

MИТ #6: БРЗАТА ХРАНА НАВИСТИНА ДЕБЕЛЕЕ
Повеќето ресторани за здрава храна нудат по нешто поздраво (или помалку нездраво) од главната понуда, како на пример салата со пилешко. Доколку неможете да го избегнете, тогаш прашајте го персоналот што е наздравата понуда на менито.

MИТ #7: ЈАГЛЕХИДРАТИТЕ ПРАВАТ ДА СЕ ЗДЕБЕЛИТЕ
Скратувањето на рафинирани јаглехидрати, како бел ориз и тестенини, процесирани грицки и слатки може да ви помогне да ја намалите тежината, но тоа не значи дека јаглехидратите прават да се здебелите. Храната како на пример црн леб и интегрални тестнини имаат големо количество јаглехидрати, но сепак се многу здрави. Кога се јаде во правилните количества како дел од правилна исхрана, јаглехидратите нема да направат да се дебелите. 

MИТ #8: СИТЕ КАЛОРИИ СЕ ЕДНАКВИ
Сите калории имаат исто количество енергија, но сите калории немаат ист ефект на здравјето и тежината. На пример: 200 калории од протеини се многу подобри за вас отколку 200 калории од слатки.

МИТ #9: ТРЕБА ДА ИЗБЕГНУВАТЕ ШЕЈКОВИ И ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА 
Wellness шејковите, плочките и супите се ефективен начин да ги намалите гладта и желбата за грицкање додека му давате на телото здрава енергија. Убавината на додатоците во исхраната е во тоа што тие се дизајнирани да ги обезбедат потребните нутритивни елементи со ограничен број на калории - плус, ќе ве одржуваат сити подолго.

MИТ #10: ЈАС И МОЕТО МОМЧЕ ЈАДЕМЕ ИСТО КОЛИЧЕСТВО ХРАНА ЗА ДА ЈА НАМАЛИТЕ ТЕЖИНАТА
Машкото тело е генетски дизајнирано да има повеќе мускул, и да зачувува помалку масти од женското тело. Поради ова, вообичаено е мажите да можат да јадат повеќе од жените.






Текст: Фотографии: Getty Images, Shutterstock