1. Неделата е ден за приготвување оброци
Некои велат дека е здодевно, сепак илјадници паметни луѓе секоја недела ја посветуваат на приготвување ручеци за деновите што следуваат. И со добра причина. Приготвувањето оброци однапред е одличен начин да го елиминираш времето поминато донесување одлуки за ручек во текот на работната недела, поздраво да се храниш и да заштедиш.
2. Напиши писмо
Звучи чудно, нели? Сепак, ќе се изненадиш колку терапевтски е да се оддалечиш од технологијата одвреме-навреме. Праќањето писмо или разгледница на некој што го сакаш е прекрасен начин да му дадеш до знаење колку ти значи. Којзнае, можеби ќе добиеш повратно писмо!
3. Создај свој стил
Освен храната, облеката исто така може да биде однапред планирана. Една опција е да ја избираш облеката претходната вечер. Ако сакаш уште полесна опција, тогаш усвој униформен стил на облекување. Тоа значи дека со носењето исти (или слични) стилови и бои секој ден, можеш да создадеш свој уникатен изглед!
4. Не ти треба автомобил
Во зависност од тоа каде живееш и од твоите дневни потреби, можеби користењето автомобил ти е неопходно. Од друга страна, автомобилите може да бидат скапи за одржување. Затоа, зошто не пробаш некоја алтернатива, како јавен сообраќај, велосипед или пешачење, секогаш кога можеш? Ќе имаш повеќе време за размислување, ќе уживаш во дополнителната физичка активност и ќе придонесеш за зачувување на животната средина.
5. Кажи „не“
Што да кажам? Вистината е дека никој не може да направи сè. Барањата на работа, дома и на сите други места може да предизвикаат непотребен стрес. Затоа, одвој време да им дадеш предност на најважните работи, а тоа понекогаш значи дека треба да кажеш „не“.
6. Биди присутен
Вежбањето „присутност“ е фантастичен начин да го обновиш твојот фокус и да бидеш пофокусиран, свесен и продуктивен. А најдобриот дел? Бесплатно е! Најди книга за медитација, почни да вежбаш јога или тај-чи. Тие неколку минути може да бидат клучни за тоа како ќе се одвива преостанатиот дел од твојот ден.
7. Направи списоци
Списоците не се корисни само за купување! Активниот животен стил значи куп секојдневни и неделни задачи. Лесно е патем да се загубиш, но списокот е твојот адут за одржување ред. Напиши еден рачно или искористи една од многубројните одлични апликации со практични потсетувања. Како и да е, ништо не се споредува со чувството кога ќе отпишеш некоја задача како готова!
8. Одмори се од технологијата
Сите знаеме дека телефоните, таблетите и телевизорите нѐ деконцентрираат. Сепак, без изговори! Постави си за цел да се оддалечиш од екраните и да се поврзеш со луѓето околу тебе. Прошетај со пријателите, играј некоја друштвена игра или приготви слатки со твоите деца. Уживај во секој миг и создај нови спомени.
9. Исчисти го плакарот
Преполни полици и фиоки? Не си единствена. Како и повеќето, ако добро ја разгледаш облеката во плакарот, ќе најдеш парчиња облека што не си ги носела со години или, уште полошо, што никогаш не си ги носела! Секој плакар треба одвреме-навреме добро да се исчисти. Чисти го твојот еднаш во сезоната и ако најдеш облека што не си ја носела цела година или подолго, донирај ја во некоја добротворна организација!
10. Поедностави ги твоите рутини
Освен што можат да ги намалат нервозата и стресот, добрите рутини може да ти го олеснат животот. На пример, дневната нега на кожа... Многу луѓе претпочитаат долги рутини за нега, додека на други им се здодевни. Понекогаш едноставноста е подобра. А доколку претпочиташ едноставност, ќе ти се допадне линијата Essentials. Составена е само од основните производи, без компликации,и делотворна!
Се надеваме дека најголемиот дел совети што ги прочита ќе ти го поедностават животот. Сепак, кога работите ќе се искомплицираат (како што се случува често!), само запомни ги овие мудри зборови: Поедностави го својот живот!