10 Одлуки за најдобро здравје оваа година

Наместо да си поставувате нереалистични цели оваа година, зошто не направите мали промени на вашиот стил на живеење кои ќе ви помогнат да бидете поздрави и посреќни во 2016? Прочитајте ги овие 10 одлуки кои вреди да ги донесете и да се додржувате до нив.

1. НАЈДЕТЕ ГО ВАШИОТ СПОРТ
Доколку и самата помисла од трчање на подвижната лента ви е непривлечна, зошто не пробате нешто поинакво? 2016 е годината на вежбање со сопствена тежина, тип на тренинг за сила што не бара дополнително оптеретување. Можете да го правите секаде, па затоа нема потреба да плаќата чланарина во теретана. За оние кои немаат време, HIIT часовите - тренинг со висок интензитет во интервали - може да бидат идеални. Интензивен 20-минутен час кој вклучува инервали на вежбање со висок интензитет, по кои следат интервали на одмор, ги согорува калориите и ги таргетира мастите. Или, пробајте да направите комбинација на балет со кардио на Barre fitness - часовите.

2. КОНСУМИРАЈТЕ ГИ ПРАВИЛНИТЕ ДОДАТОЦИ
Светот на витамини и додатоци во исхраната може да биде збунивачки. За му дадете на телото здрав почеток на годината, фокусирајте се на вашите вистински потреби. Мултивимините ќе ја надополнат вашата исхрана со дополнителни нутриенти кои можеби не ги внесувате преку храната, додека Омега-3 ќе ви го подобри имунитетот и ќе ви даде значителни здравствени придобивки.

 

3. БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
Внимателноста е пракса да бидете присутни во сегашниот момент. Одберете активност каде нормално би се исклучиле, па наместо тоа останете фокусирани на задачата.Може да биде тешко, но ќе ви помогне да бидете посреќни.

4. НАМАЛЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА ШЕЌЕР
Намален внес на шеќери е добар не само за вашата тежина, туку неодамнешните студии покажуваат дека тоа може да би го подобри и крвниот притисок, функцијата на црниот дроб и изгледот на кожата. Мали промени, како замена на соковите со вода, може да има големо влијание на вашето здравје. 


5. ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА САМОДОВЕРБАТА НА ВАШИТЕ ДЕЦА
Зголемете ја самодовербата на вашите деца така што ќе вклучите физичка активност во нивното секојдневие: играјте со топка, танцувајте додека ги извршувате домашните обврски, собирајте овошје за викендите - направете го вежбањето забавна семејна активност, а не обврска.

6. ПАМЕТНО БИРАЈТЕ ГРИЦКИ
Ако ви требаат грицки во текот на денот, пробајте да чувате свежо овошје, несолени јаткасти плодови и Natural Balance плочи во вашето биро. На овој начин, ќе имате здрава алтернатива кога ќе ви се појави желбата за храна.

7. СПИЈТЕ
Сите знаеме дека премалку сон е лош за кожата, менталната благосостојба, тежината и имунитетот. Обидете се да спиете барем 7 часа во текот на ноќта и направете си рутина: будете се и легнувајте во исто време секој ден - и оставете го телефонот на страна пред да си легнете!

8. ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА ПРОТЕИНИ 
Ни требаат протеини за да го одржиме растот на клетките и да може телото да создава хормони и антитела. Доколку сакате да го зголемите внесоте на протеини не треба само "да јадете повеќе". Туку, пробајте да вклучуте мешункаста храна, млечни производи или јајца во вашата исхрана. Или збогатете го оброкот со протеини со Natural Balance шејк или супа.

9. КУПЕТЕ БЛЕНДЕР
Обезбедете го дневниот внес на зеленчук така што ќе ги изблендирате зеленчуците заедно за да направите смути или супа. Можее да комбинирате само зеленчук или да додадете и овошки, на пример киви, банана, спанаќ, краставица, ѓумбир и лимон за хранлив пијалок кој вие и вашето семејство ќе го обожавате.

ДВИЖЕТЕ СЕ
Донесете одлука да се движите повеќе оваа година: пешачете до работа, одете по скали - правете мали промени секој ден. Педометарот за на рака, или аплкација за вашиот телефон може да ви помогне да го следите вашето движење и да ве мотивира да се движите повеќе.

Текст: Фотографии: Oriflame