Библиотека со состојки
Почетна
Арктичка брусница

Арктичка брусница

Vaccinium vitis-idea

Омилена во Шведска, дивата арктичка брусница е богата со антиоксидантни витамини, како витамините Е и Ц, што ја прави врвна состојка за исхрана и за убавина. Маслото од семки од арктичка брусница е богато со масни киселини омега 3 и 6, кои се добри за кожата и помагаат за нејзино потхранување, нега и одржување на хидратацијата. Обожаваме да ги береме овие мали црвени бобинки во нашите шуми и да ги користиме во различни традиционални јадења, вклучувајќи ги и нашите омилени шведски ќофтиња.

Клучни предности

  • Антиоксидантите витамин Е и Ц ја негуваат кожата и помагаат за нејзина хидратација и заштита од слободните радикали.

  • Маслото од семки од арктичка брусница содржи големо количество омега 3 и 6, кои ги имитираат природните липиди на кожата и помагаат за потхранување, нега и за одржување на хидратацијата.

Фитостеролот во маслото од семки од арктичка брусница е одличен за нашата кожа и ова масло прекрасно ја потхранува и ја негува кожата.