Нашето шведско гледиште
Бидејќи сме од Шведска, поинаку гледаме на убавината и на начинот на развивање на нашите производи. Од самиот почеток, сметавме дека спојот на природата и науката е важен дел од нашата работа. Нашата цел е да им овозможиме на нашите потрошувачи безбедни, сигурни и делотворни производи. На ова се темели нашата репутација.
Инспирирано од природата
Нашата шведска природа секогаш играла важна улога во нашата работа. Растенијата што растат и опстојуваат во острата нордиска клима, се отпорни на ладните темни зими и кратки интензивни лета. Тие се нашата инспирација и водич при создавање нови производи.
Бевме меѓу првите во светот што создадоа производи изработени со природни екстракти, како екстракт од растителен сок од бреза, децении пред другите брендови.
Денес, и понатаму ги почитуваме и ги разбираме моќта и користта што ги нудат природните состојки, без разлика дали се работи за растителни матични клетки или користење природни честички за пилинг во нашите производи. Всушност, сите наши екстракти потекнуваат од природата и сите состојки што ги користиме се подложени на нашата строга Еко-етичка проверка, за да се процени нивниот квалитет, безбедност и потекло. На овој начин сме сигурни дека тие се добри за тебе, како и за планетата.
Поддржана од науката
Со повеќе од 50 години искуство, создаваме висококвалитетни производи што се лесни за користење и што имаат голема делотворност, создадени со најмодерна наука и посветени иновативни истражувања. Постојано сме во потрага по подобри решенија и технологии за да создадеме иновативни производи што се делотворни и што истовремено се безбедни за тебе и за природата. Нашите патентирани технологии и иновации што се први во светот се најчесто поддржани од клинички тестирања за делотворноста на производите.
Нашите научници и технички експерти опфаќаат повеќе дисциплини, вклучувајќи (но не само): развој на нови производи, хемија, науки за кожата (физиологија и биологија), стареење на кожата и анализа, наука за храната, наука за исхраната, клинички тестирања и инструментација. Овие експерти, заедно со нашите најмодерни установи за истражување и развој, ни овозможуваат да создадеме побезбедни и подобри производи за потрошувачите.
Стандардите по кои се водиме
Нашата посветеност да развиеме производи на кои можеш да им веруваш и за кои можеш да се залагаш, е дефинирана од високите стандарди на нашите производи.